ЕКСТРА БРЗИ ПОГАЧИЦИ ОД САМО 4 СОСТОЈКИ: Се разликуваат од другите зашто убаво се разлистуваат…Еве што ви е потребно според рецептот на Буба:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г брашно,
250 г путер или маргарин
250 г свежо кравјо сирење и сол по вкус,
јајце за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Од путерот одвојте малку (приближно 1 прст, 1/5 или 1/4) за премачкување на кората двапати, а остатокот оставете да омекне на собна температура.

Па заедно со останатите состојки (прво сирењето, а потоа брашното) замесете тесто кое не се лепи, туку убаво се обликува.

2.Развлечете го во правоаголна кора. Путерот што го тргнавте настрана растопете го во микробранова печка или на тивок оган, па премачкајте ја кората преку половина од површината, па со другата половина преклопете го.

3.Повторете го премачкувањето и повторно преклопете. Еднаш пробав со 5 премачкувања и погачиците на крај уште повеќе се разлистуваа, но доволно е и со 2 преклопувања.

4.Вака здипленото тесто оставете го во фрижидер да одмори најмалку еден до два часа за да се стегне. Потоа извадете го и на малку набрашнета работна површина развлечете го во тенка кора со дебелина од приближно 1 см (не претенка).

5.Вадете ги погачиците со помала модла, премачкјате ги одозгора со јајце и посипете ги со сусам, ким или по желба.

6.Ставете да се печат во добро загреана рерна на 180 степени. Кога ќе започнат да се разлистуваат и да заруменуваат, готови се и извадете ги од рерна.