ДОКТОР СТАНИШИЌ ОБЈАСНИ КОЈА НАМИРНИЦА ГО ПОДИГА ХОЛЕСТЕРОЛОТ ДО ПЛАФОН: Сите ја јадеме масовно и во големи количини…Таа објасни четири стратегии што треба да ги спроведеме за да го одржиме холестеролот во нормални граници.

Д-р Светлана Станишиќ

Во утринската програма на Прва телевизија беше гостина д-р Светлана Станишиќ. Таа зборуваше за холестеролот, кој дефинитивно е една од темите за кои луѓето најмногу се интересираат.

– Кај фитнес популацијата многу е популарно да се избегнуваат жолчки од јајца, па од белките прават омлет кој има многу малку калории. Сепак, жолчката содржи многу корисни материи.

Месото, јајцата, млекото и млечните производи се биолошки многу вредна храна. Можеме да живееме без нив, но тие се многу корисни.

Д-р Светлана Станишиќ

Има и други стратегии кои се применуваат пред да дојдеме до точка да го исфрлиме месото“, рече докторката и наведе четири стратегии кои треба да ги примениме за да го држиме холестеролот под контрола.

– Првата е воведувањето на растителни влакна, што значи дека за појадок, на пример, треба да јадеме овесна каша. Но не онаа готова купечка овесна каша, туку сами да ја свариме во млеко или вода, или пак да ја покиснеме во јогурт.

Овесот има бетаглукан кој е одличен за спречување на рециклирање на холестеролот во телото и за намалување на неговото навлегување.

Следни видови на храна чијшто внес треба да се зголеми во борбата против холестеролот се мешунките, семките, лешниците, оревите и бадемите.

– Тоа е втората стратегија. Лешниците, оревите и бадемите се извори на фитостерол, кој е растителен вид на холестерол. Тој се натпреварува со холестеролот во цревата околу преземањето и навлегувањето. Тоа е уште една работа што треба да ја зголемиме“.

д-р Светлана Станишиќ

Избегнување маргарин

„Третата стратегија е да се избегнува маргаринот. Тоа е она всушност кога лекарите ви велат да ги исфрлите слатките од исхрана. Луѓето мислат дека тоа е поради шеќерот, но не е така.

Има креми, разни наполитанки и слично, на нив пишува хидрогенизирано палмино масло или хидрогенизирано растително масло. Сето тоа е маргарин.

Многу го покачува холестеролот, без разлика што се рекламира како намирница која не го содржи. Го зголемува нивото на холестерол околу шест пати повеќе од путерот. Затоа домашните колачи се подобри, бидејќи се прават со путер“.

Лук во капсули, да или не?

„Четвртата стратегија е да се воведат намирници кои се многу добри за холестеролот, на пример, лук – што луѓето многу го сакаат, маслиново масло, сина риба…

Можете да земате и суплементи“, рече докторката и предупреди дека не треба да претерувате со додатоци на фитостерол, бидејќи тие можат да имаат штетно дејство доколку се земаат во големи количини.

„Исто така, постојат додатоци на лук кои велат дека не предизвикуваат лош здив. Ако додатокот не предизвикува лош здив, тој не е ефикасен. Не трошете си ги парите“, вели д-р Станишиќ.

Прочитајте: „Холестеролот како никогаш да не бил покачен: Природен лек за прочистување на крвните садови“ – ОВДЕ.