Малкумина го знаат овој рецепт, а кога еднаш ќе го испробате, верувајте дека исто како мене ќе го правите речиси секој ден.
Од тесто може сè да се направи, но вакво нешто треба да пробате. Неверојатно едноставно и вкусно, тајната е многу едноставна, само следете ја подолу објаснетата постапка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млако млеко (2 чаши), 50 мл масло, 1 супена лажица сув квасец (1 кесичка, 10 г), 1 супена лажица шеќер, 700 г брашно тип 500, 1 полна мала лажичка сол.
ЗА ФИЛ: 500 г ситно сирење за пита, 1 белка, малку сол по вкус + жолчка за премачкување, 50 г путер + 50 масло
ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го млекото, додајте една лажица сув квасец и една лажица шеќер, па промешајте и оставете 5-10 минути на топло место за да се активира квасецот и да започне ферментацијата.
Потоа додајте 50 мл масло. Во измерени 700 г брашно тип 500 додајте една полна мала лажичка сол и промешајте и направете вдлабнување во средината и туку истурете го ферментираниот квасец.
Промешајте со лажица додека да се впијат состојките и да почне да се формира тестото, а потоа преминете на рачно месење.
Во текот на месењето наросувајте сосем малку брашно колку да не ви се лепи на прстите, но не ставајте премногу зашто тестото треба да остане меко.
Нема потреба од премногу месење, само со раката зафаќајте ја содржината како да црпите со лажица и за кратко време ќе се обликува во топка.
Кога ќе добиете мазно тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот и не се лепи за рацете, покријте го со кеса или кујнска крпа и оставете го на топло место без провев, да стасува еден час додека убаво да ферментира и да го удвои волуменот.
Наросете го со прстофат брашно и истресете го на набрашнета работна површина. Малку премесете го без премногу да го притискате (што е случај за тврдите теста).
Обликувајте топка и поделете ја на 4 приближно еднакви делови. Повторно наросете сосем малку брашно и обликувајте ги парчињата во топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.
За тоа време пригответе го филот: во 500 г меко сирење за пити или ситно сирење по ваш избор, додајте една белка од јајце и промешајте, а жолчката оставете ја за подоцна.
Сирењето посолете го по вкус. Потоа преминете повторно на тестото. Со оклагија секое од парчињата развлечете го во кора со дебелина од 1 см.
Потоа работната површина наросете ја со малку брашно, па започнете со редење на тестата. Ставете ја првата кора, па со четка премачкајте ја со мешавина од 50 г растопен путер и 50 мл масло.
После намастувањето нанесете 1/3 фил од сирење и распоредете го. Преклопете со втора кора, па на ист начин премачкјате прво со масло и путер, па нанесете фил.
Врз третата намастена кора распоредете го остатокот од филот (последната третина), па поклопете со четвртата кора која не треба да се премачкува.
Започнете полека да ги развлекувате краевите опфаќајќи го купот филувани кори за да добиете една голема кора, а потоа доразвлечете ја со помош на оклагија.
Тестото е меко и многу лесно се развлекува. Потоа свиткајте го во ролат, а плехот од рерната обложете го со хартија за печење. Ролатот сечете го на парчиња „ружички“ со дебелина од приближно 2 см, па редете ги во плехот со пресечената страна.
Покријте ги и оставете ги 10-тина минути да стасуваат додека се загрева рерната на 200 степени.
Потоа премачкајте ги со разматена жолчка (+лажичка млеко или масло), и наросете сусам и ленено семе. Печете ги половина час. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.