Јодот е еден од т.н. „минерали во трагови” кои се есенцијални или неопходни за правилното функционирање на организмот. Тој е присутен во морската храна. Јодот има низа важни улоги во организмот. Учествува како есенцијална компонента на тироидните хормони кои регулираат многу важни процеси во организмот како: метаболитичка регулација, синтеза на протеини, ензимска активност и други важни физиолошки функции.

Јодот е исто така потребен за одржување на здравјето на скелетниот и нервниот систем на фетусот и новороденчето. Јодот е основен минерал кој најчесто се наоѓа во морската храна. Тироидната жлезда го користи за да произведе тироидни хормони, кои помагаат да се контролира растот, да се санираат оштетените клетки и да се одржи метаболизмот здрав. Третина од луѓето ширум светот се изложени на ризик од недостаток на јод.

Со најголем ризик се: бремени жени, доилки, луѓе кои живеат во земји каде има многу малку јод во почвата, како што се Јужна Азија, Југоисточна Азија, Нов Зеланд и некои европски земји, луѓе кои не користат јодизирана сол, луѓе кои имаат вегетаријанска или веганска исхрана.

Недостиг на јод може да предизвика непријатни, па дури и сериозни симптоми, како: оток во вратот, проблеми поврзани со бременоста, зголемување на телесната тежина и тешкотии во учењето.

Симптомите се многу слични на оние на хипотироидизам кога нивото на тироидни хормони е пониско од нормалното. Бидејќи јодот се користи за производство на тироидни хормони, недостатокот на јод значи дека вашето тело не може да создаде доволно, што доведува до хипотироидизам.

Јодот е ефикасно антивирусно и антибактериско средство со долга историја на употреба како средство за чистење на рани и широк спектар на средства за дезинфекција. Некои веруваат дека јод повидон може да го забрза заздравувањето на раните и да ја намали потребата за антибиотици.

Многу луѓе го користат и за чистење на разни предмети во куќата, како и за дезинфекција на рацете во сезона на настинки и грип, а исто така се знае дека успешно се користи за намалување на вирусни и бактериски инфекции, преку методот „гаргара“.

Јодот е клучна компонента на здравјето, бидејќи нашето тело не може да го произведе по природен пат, јодот треба да се внесува преку исхраната. Недостаток на јод влијае на тироидната жлезда, затоа е многу важно да се внесе во организмот во оптимална количина.

Ако имате акутен недостаток на јод, тироидната жлезда може да се зголеми, состојба  наречена гушавост. Постојат две молекули чии имиња звучат исто – јод и јодид, но тие се различни. Јодот се наоѓа во природата, а јодидот е молекула на јод прикачен на друг елемент. Растворот на јодид обично се купува во аптеките за локална употреба или како додаток во исхраната.

Јодот има ефикасно антивирусно дејство

Одамна е познато дека јодот може да ги уни-шти вирусите. Последната тешка пан-демија на грип била предизвикана од вирусот Х1Н1 во 1918 година. Центрите за контрола и превенција на болести на САД проценуваат дека една третина од светската популација биле заразени. Во светот имало 50 милиони см-ртни случаи, кои според лекарите биле поврзани со таа инфекција.

Неколку години по избувнувањето на пан-демијата, научниците барале начин за уни-шту-вање на вирусот. Тогаш било откриено дека јодот е ефикасен метод во борбата против вируси и инфекции. Во своето истражување за јод, д-р Дејвид Дери пишува:

“Барнет и Штун откриле во 1945 година дека нанесувањето на јод под носот на глувчето спречува заразување со жив, дифузен вирус на грип. Тие сугерираат дека натопувањето маски со јод ќе помогне да се запре ширењето на вирусот, висок степен на инфекција “.

Цитираната студија е објавена во австралискиот журнал за експериментална биологија и медицинска наука во септември 1945 година. Наскоро, во 1950 година, јод повидон се сметал за „ефикасен антисептик и средство за дезинфекција со широк спектар“.

Јодот е ефикасен уништувач на бактериите, мувлата, габите и многу вируси. Навистина, од сите антисептички препарати погодни за директна употреба врз луѓето и животните, само јодот може да ги убие сите класи на патогени микроорганизми: грам-позитивни и грам-негативни бактерии, микобактерии, габи и вируси. Повеќето бактерии умираат во рок од 15-30 секунди по контактот со јод.

Јодот е корисен за намалување на постоперативните инфекции

Со текот на годините, лекарите откриле дека употребата на локални антисептици може да ја ограничи потребата од антибиотици и според тоа, да ја намали веројатноста за развој на отпорност на нив. Истражувачите откриле дека јод повидон може ефикасно да ја извршува оваа задача без да го одложува заздравувањето на раните.

Кога се нанесува на рана, ефикасно ги у бива грам-негативни и позитивни организми. Некои исто така веруваат дека го забрзува заздравувањето кај акутните и хроничните рани. Јодот има посебни карактеристики што го прават ефикасен во заздравувањето на раните, вклучувајќи недостаток на бактериска резистенција и ефикасност против биофилмот.

Но, потенцијалната употреба на јод не завршува тука. Офталмолозите го користат како подготовка при операции на очите. Истражувањата за ширење на неговата употреба започнаа во раните 2000 по објавувањето на непотврден извештај кој го поврзува краткото испирање на очите со јод и брзото заздравување на вирусниот конјунктивитис.

Нерамнотежата на јодот може да го зголеми ризикот од хронични заболувања

Потребен ви е јод во вашето тело. Во светот, 2 милијарди луѓе страдаат од дефицит на јод, но само 50 милиони можат да имаат клинички симптоми. Децата се меѓу најзагрозените, како и бремените жени и доилки.

Националниот институт за здравство објаснува дека недостатокот на јод влијае на производството на тироидни хормони. Без доволно јод, децата можат да имаат слаб развој на мозокот и нервниот систем. Дури и мал недостаток може да предизвика помали проблеми со невролошкиот развој.

Во исто време, вишокот може да предизвика гушавост, воспаление, па дури и рак на тироидната жлезда со некои симптоми на недостаток. Вишокот на јод исто предизвикува хипертироидизам, додека недостатокот може да предизвика хипотироидизам.

Светската Здравствена Организација верува дека „недостатокот на јод е главна причина за оштетување на мозокот кај децата“. Сепак, тоа исто така може да влијае на невролошкиот систем кај возрасните.

Нерамнотежата на јод влијае на функцијата на тироидната жлезда, што пак влијае на многу други системи во вашето тело. На пример, кога тироидната жлезда не работи целосно, тоа може да доведе до срцеви заболувања.

Ако страдате од хипотироидизам, тоа може да го забави срцевиот ритам, да ги направи артериите помалку еластични и да го зголеми кр-вниот притисок. Пред да ги почувствувате ефектите врз срцето, веројатно ќе забележите други симптоми на хипотироидизам.

Знаци на хипотироидизам вклучуваат: замор, дебелеење, сува кожа, отечено лице, груб глас, проретчена коса, забавен ритам на срцето, депресија, лошо сеќавање, болки во зглобовите и вкочанетост, мускулни болки и замор, неправилна столица, висока чувствителност на ладни температури, нередовна или тешка менструација.

Оток во пределот на вратот

Оток во предниот дел на вратот е најчестиот симптом за недостаток на јод. Оваа состојба се нарекува гушавост и се јавува кога тироидната жлезда е зголемена. За да го компензира овој недостиг, тироидната жлезда работи напорно, со што се предизвикува клетките да растат и да се размножуваат и на крајот доведувајќи до гушавост.

Неочекувано зголемување на телесната тежина

Ненадејното зголемување на телесната тежина е уште еден знак за недостаток на јод. Може да се појави ако телото нема доволно јод. Ова се случува затоа што тироидните хормони помагаат во контролата на брзината на нашиот метаболизам, а тоа е процес со кој нашето тело ја претвора храната во енергија.

Ниското ниво на јод може да го забави вашиот метаболизам и да ја поттикне храната да се складира како масни депозити, наместо да се согорува како енергија. Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Чувство на замор и слабост

Чувството на замор и слабост се исто така вообичаени симптоми за недостаток на јод. Всушност, некои студии откриле дека речиси 80% од луѓето со ниско ниво на тироидните хормони, кои се јавуваат во случаи на јоден дефицит, се чувствуваат уморни, слаби и изнемоштени. Овие симптоми се јавуваат затоа што тироидните хормони му помагаат на телото да создаде енергија.

Губење на косата

Тироидните хормони помагаат да се контролира растот на фоликулите на косата. Кога нивото на тироидните хормони е на ниско ниво, фоликулите на косата може да престанат да се регенерираат. Со текот на времето, ова може да резултира со губење на косата. Поради оваа причина, луѓето со недостаток на јод може да страдаат и од опаѓање на косата.

Една студија спроведена кај 700 луѓе открила дека 30% од оние со ниско ниво на тироидните хормони доживеале опаѓање на косата. Недостаток на јод може да спречи регенерирање на фоликулите на косата. За среќа, надополнување на недостигот од јод може да ја коригира оваа состојба.

Сува кожа која се лупи

Сува, ронлива кожа може да се појави поради недостаток на јод, бидејќи минералот им помага на вашите клетки на кожата да се регенерираат. Исто така, му помага на вашето тело да се поти и да ги хидрира клетките на кожата, така што недостатокот на јод може да предизвика помалку потење.

Чувство на студенило

Чувството на студ е вообичаен симптом на недостаток на јод. Всушност, некои студии откриле дека над 80% од луѓето со ниско ниво на тироидните хормони може да се чувствуваат почувствителни на пониски температури од вообичаеното. Бидејќи јодот се користи за производство на тироидни хормони, недостаток на јод може да предизвика пад на нивото на тироидниот хормон.

Промени во отчукувањата на срцето

Тежок недостаток на јод може да предизвика абнормално забавено отчукување на срцето. Ова може да направи да се чувствувате слаби, заморни, со вртоглавица и изнемоштеност.

Проблеми со учење и запомнување

Недостаток на јод може да влијае на способноста за учење и да запомнување.

Една студија, вклучувајќи повеќе од 1.000 возрасни лица, откри дека оние со повисоко ниво на тироидните хормони работеле подобро на тестовите за учење и меморија, споредено со оние со пониско ниво на тироидните хормони.

Извори на јод 

Постојат многу малку добри извори на јод во исхраната. Ова е една од причините зошто недостатокот на јод е вообичаен ширум светот. Препорачаната дневна доза  е 150 мг на ден. Оваа количина треба да ги задоволи потребите на 97-98% од сите здрави возрасни лица.

Храна богата со јод: парче интегрален леб, јогурт, јодизирана сол, морска храна, јајце, суви сливи. Помали количини на овој минерал се наоѓаат и во најразлична храна како риба, школки, говедско, пилешко, лима и пинто грав, млеко и други млечни производи. Најдобар начин да се добие доволно јод е да додадете јодизирана сол во вашите оброци. Половина лажичка (3 г) во текот на денот е доволно за да се избегне недостаток.

Најновите статистички податоци покажуваат дека внесувањето на јод е тајна на која се прибегнуваат Јапонците за време на сегашната пандемија. Анализирајќи ги податоците за бројот на жртви во светот предизвикани од Ковид-19, професорот д-р Верхесен заклучи дека количината на внес на јод има значително влијание врз стапката на см ртност.

Како пример, тој наведува дека епидемиолошките податоци покажуваат дека сегашната пандемија во Јапонија е позната по големиот внес на јод и има многу ниска стапка на см ртност во споредба со другите земји. Сето ова и покрај фактот дека Јапонија има најстаро население во светот и дека националните мерки за затворање беа меѓу најрестриктивните, не е ни чудо што многумина ја нарекуваат Јапонија за чудо за време на пандемијата.

Тест за утврдување на количината на јод во организмот

Навечер, пред спиење нанесете 3 линии повидон јод на внатрешниот дел од дланката со помош на стапчиња за уши. Оставете го јодот да отстои преку ноќ, но внимавајте да не се размачкате. Наутро доколку нема трага од трите линии, значително имате намалено количество на јод во организмот.

Ако е останата само една дебела линија, преиспитајте ја вашата исхрана. Најважниот извор на јод е јодизирана кујнска сол. Школки, алги алги и други морски организми апсорбираат големи количини на јод во морињата.

Свежото сирење, особено од козјо млеко, ореви, јајца, суви кајсии, лук, сусам, соја, спанаќ се исто така добри извори на јод. Ако недостасува само тенка линија на дланката – вашето здравје е надвор од опас-ност. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска