Веќе со години експертите предупредуваат да се заштитите од штетното зрачење на мобилните телефони. Кога и Светската здравствена организација предупреди од можната опасност од зрачењето, бидејќи се поврзува со се почестото заболување од карцином, многумина ова предупредување го сфатија сериозно.

Важно е да се придржувате на правилата за нивно користење:

1.Пред се’ треба да се користат слушалки. Слушалките со жица се подобри од Bluetooth уредите.

2.Подобро е да испратите текстуална порака отколку да разговарате преку уредот. На тој начин е одалечен уредот од главата а зрачењето е подалеку од мозокот.

3.Наместо наутро да ве буди мобилниот телефон покрај глава- нека ве буди старомоден будилник.

4.Бидејќи зрачењето влијае врз плодноста, не се препорачува држење на мобилните уреди во џеб, како од панталоните така ни во горните џепови од кошулата (поради рак на дојка).

5.Се препорачува користење на футроли, а бројни произведувачи веќе продаваат футроли кои блокираат третина од зрачењето.