loading...

ПАВЛОВА ТОРТА: снежно бела за сите Снежани, со јагоди, за сите Јагоди

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Фото: Снежанка Жанче

За кората, основен рецепт:

5 белки

1 прстофат сол

200 г шеќер

1 лажица густин/нишесте/скроб

1 лажица алкохолна киселина или лимонов сок

Постапка:

Велките се матат пенасто со прстофат сол, се додава шеќерот кога ќе добиеме цврсто шне, се додава лимоновиот сок и нишестето, но сега се меша со шпатула или дрвена лажица.

loading...

За ова време рерната ја вклучуваме на 130 степени да биде веќе загреана кога ќе завршиме со матење.

На претходно обликувана хартија за печење (сечеме поголем круг), ги нанесуваме изматените белки и се оставаат нерамнини (да остане неизрамнето).

Ги ставаме во рерна на сушење 90 минути за кое време рерната не треба да се отвора.

По изминатото време ја отвораме рерната и оставаме да се излади кората внатре.

На добро изладената кора се нанесува кремот, без измазнување.

За крем:

5 жолчки

6 лажици шеќер во прав

500 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

5 жолчки изматени со 6 лажици шеќер во прав се матат на пареа додека да згуснат, околу 15 минути, па кога ќе изладат се соединуваат со претходно изматената слатка павлака.

Убаво се изедначува и нанесува врз кората.

Декорацијата со јагоди се прави непосредно пред послужување.

Фото и рецепт: Елена Мишковска (Павлова торта со јагоди)

Фото: Снежанка Жанче (Павлова снежна торта со пуслици)

За снежната торта дополнително се прават пуслици и рафаело топчиња, па се декорира одозгора.

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Фото: Снежанка Жанче

Македонска кујна, некогаш и денес

loading...