Кога ќе ви дијагностицираат замастен црн дроб, тоа значи дека големи капки на масти, претежно триглицериди, се наталожиле во клетките на црниот дроб. Самата состојба обично не е болна и може да помине подолго време без да се дијагностицира.

Но, кога станува збор за поголемо оштетување, тогаш црниот дроб може да се зголеми и до три пати и да биде болен. Стеатозата може да доведе до фиброза и цироза на црниот дроб. Стеатозата е честа болест и афектира околу 25 % од популацијата.

Причини за појава на болеста и симптоми

-Најчеста причина за замастен црн дроб е алкохолизмот. Алкохолот го менува начинот на кој црниот дроб ги обработува и ги складира мастите. Честопати лицата кои употребуваат алкохол, односно лицата со хроничен алкохолизам страдаат и од неухранетост поради неправилна и небалансирана исхрана.
-Неалкохолна болест на замастен црн дроб (NAFLD) е асоцирана со инсулинска резистенција/шеќерна болест, дебелина, дислипидемија, употреба на стероиди, одреден тип на лекови – amjodaron, metotrexate, хемотерапија.
-Кај бременоста, исто така, може да се јави една ретка но сериозна форма на замастен црн дроб, која се јавува во задоцнета бременост, при метаболни заболувања, зрачење и друго. Симптомите кои се јавуваат, почесто кај алкохоличарите со замастен црн дроб, се гадење, повраќање, губење на апетит и абдоминална болка.

Лекување

Диетата кај замастен црн дроб е многу важна и неопходна. Со постепено слабеење (не повеќе од половина до еден килограм неделно) лицата кои имаат вишок килограми можат да ја намалат количината на мастите во црниот дроб и на тој начин да ја подобрат неговата функција. Избалансираната исхрана и редовната физичка активност се од особено значење.

Освен намалување на бројот на калории, потребно е да се намали и со консумирање на преработена храна, особено онаа која содржи поголема количина на јаглехидрати (бел леб, тестенини, пченка, бел ориз, концентриран шеќер во соковите), како и масти.

Под исхрана за замастен црн дроб се подразбира:

– намалување на внесување на мастите во исхраната, особено на заситените (маргарин, путер, павлака) и подготовка на храната на пареа, на скара или варена храна, со минимална количина на маслиново масло, што претставува обврска на сите лица кои имаат замастен црн дроб,

– избегнување на внесување непотребни лекови, исто така, е ефикасна мерка во лекување на болеста. Дури и одредени минерали и витамини можат да предизвикаат проблем, затоа најдобро е истите да се внесуваат во организмот по природен пат, преку храната.

Иако измените во исхраната и секојдневната физичка активност се најважни за подобрување на функцијата на црниот дроб, постојат и природни лекови кои ја подобруваат регенерацијата на клетките – омега 3 масни киселини, глуварче, жен-шен.

ЧАЈ

Замастен црн дроб успешно се лекува и со чај од ГЛУВАРЧЕ, кој се подготвува на следниот начин: 2 мали лажици иситнет корен од глуварче се прелива со 2 децилитри провриена вода. Да се поклопи и да се остави да отстои. По 20 минути треба да се процеди. Се пие наутро и навечер.

Салата

2 шаки листови од глуварче со 4 до 5 лажици маслиново масло, 2 лажици јаболков оцет или 2 лажици цеден лимон, посолете, ставете бибер и малку мед. Сето тоа измешајте го и салатата е готова.

Глуварче за чистење и јакнење на организмот

На лицата со нежно здравје им се препорачува салата од свежи, сосема млади листови и корен од глуварче, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Ваквата салата или чистиот сок од глуварче ја прочистуваат крвта, ја подобруваат крвната слика, како и го чистат организмот од наталожените отрови. По ваквото чистење на организмот доаѓа до ублажување на реуматските симптоми и исчезнување на многу кожни заболувања, кои се често последица на загаденоста на организмот со токсини.

Глуварче како природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот

Во современата медицина глуварчето има големо значење како средство кое помага во нормализацијата на размената на материите во организмот. Со тоа, глуварчето делува благотворно при некои заболувања, како на пример при: гихт, реуматизам, кожен осип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата) и гојазност.

Во Бугарија, глуварчето широко се применува и како средство за лекување на атеросклерозата, а глуварчето во Германија и Полска се користи и како природен лек против каменот во бубегот и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (опоравувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања.

Глуварчето за подобар апетит и подобро варење на храната

Листовите на глуварчето се богати со каротиноиди, со витамини како. А, Б1, Б2 и Ц, со минерали (посебно калиум, калциум и магнезиум), стеарини, инсулин, каучук, холин, органски киселини, соли на калиум и калциум и смоли.
Горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и го подобруваат варењето на храната. Исто така, глуварчето, како и сите други горчливи билки, го стимулира излачувањето на жолчката.

Глуварчето како природен лек за црниот дроб и жолчната кеса

Коренот и листот од глуварче се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчната кеса, за лекување на камен во жолчната кеса, како и како природен лек за колит (воспаление на дебелото црево), жолтица, запек… Коренот се собира во пролет, кога е најсочен, а листовите се берат пред цветањето на билката.