Ова е десертот од моето детство, готово за минутка: СУСАМ ШТАНГЛИ

Потребни состојки:

5 супени лажици мед

50 г шеќер во прав

¼ пакување путер (околу 65 г)

50 г црно чоколадо за готвење

50 г сечкани ореви

100 мл мелени бисквити

100 г сусам

Постапка:

Сусамот испечете го во тавче (без додавање масло).

На тивок оган растопете го медот и шеќерот во прав. Додадете путер и чоколадо, па мешајте додека сето да се растопи и соедини.

Тргнете од оган и во смесата додадете сусам, ореви и мелени бисквити. Убаво соединете и веднаш распоредете во калап за тријаголници. Калапот е најдобро претходно да се обложи со голија или пластична кеса за замрзнување.

Доста брзо се стегнува, но сепак пред сечењето најдобро е неколку часа да отстои во фрижидер.

loading...