Брз КОЛАЧ со ГРИЗ: вкусен и едноставен

Многу вкусно и сочно, сигурна сум дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

4 листови кори за пита
1 литар млеко
200 мл масло
Парче путер
375 г пченичен гриз
4 јајца
500 г кисела павлака
4 лажици шеќер

За шербет:

800 г шеќер
600 мл вода
1 ванилин шеќер

Постапка:

Сварете го млекото со 200 мл масло и малку путер и 4 лажици шеќер.

Тргнете од оган и додадете 375 г гриз, постојано мешајќи.

Кога смесата ќе излади, додадете изматени јајца и кисела павлака. Добро промешајте.

Намастете го плехот, па ставете 2 кори така да преминуваат преку рабовите на плехот, а на дното ставете уште една кора.

Истурете го филот преку корите, прекријте го со корите што излегуваат преку работ и одозгора ставете уште една кора.

Печете на 200 степени околу 40 минути. Печената пита изладете ја.

Потоа прелијте со врелиот шербет: провријте ја водата со шеќер и ванилин шеќер.

Пред служење добро изладете.

Loading...