Некои студии покажуваат дека кокичињата помагаат за подобрување на функциите на мозокот. Лековит алкохолен екстракт се приготвува со кокиче и ракија.

Бројот на кокичињата треба да соодветствува со милилитрите на ракијата, односно во 500 мл се ставаат 50 кокичиња.

За настинка

Против настинка кај деца и возрасни ставете 60 бели цветови од кокиче со 600 милилитри чиста ракија во цврсто затворен стаклен сад. Оставете ги да отстојат на темно и ладно место 40-45 дена, а потоа прецедете.

Со готовата тинктура масирајте ги грбот и градите па завиткајте го болниот со ќебе. После оваа постапканастинката ќе исчезне.

За бистар ум и меморија

При проблеми со меморијата и мозочната активност ставете 100 кокичиња (само цветчиња) во 1 литар ракија (препорачливо е гроздова ракија) и оставете да отстои 40 дена на сончево место.

Исцедете ја и чувајте ја течноста во стаклено шише. Наутро земајте по 1 лажичка од лекот, заедно со 1 лажичка природен мед. Лекувањето треба да трае 15 дена.

Намален вид и умор

Намален вид и умор – ставете 40 кокичиња (цветови заедно со лисја) со 300 милилитри силна ракија и оставете ги да отстојат 20 дена. Потоа процедете и земајте од тинктура по 40 капки, разредени со вода, 3 пати на ден пред јадење.