Јајчаник, јајчалник, млечник…прекрасен појадок кој го правеа нашите баби

Фото и рецепт: Снежана Бошкова

Се редат во тавичка (бр.36) кори колку да се покрие тавичката, не повеќе.

Се полева со малку масло врз корите, околу 100 мл.

Се става во рерна загреана на 250 степени. Кога убаво ќе заруменат, се вадат од рерната и се додава млеко во кое се изматиле јајца (13 јајца во 1 литар и 700 мл  млеко), се става прстофат сол.

Ова се истура врз корите потпечени и се враќа во рерна.

Се пече на 250 степени околу 30 минути, па се намалува на 200.

Се пробува со виљушка дали има уште течност во јајчаникот.

Се исклучува рерната, се остава уште 15 минути, па се вади.

РЕЦЕПТ ЗА ПОМАЛА КОЛИЧИНА:

500 г домашни кори (јуфки)

500 мл млеко

5 јајца

Сол, масло за јадење

Постапка:

Корите се ставаат во тава во која има малку масло, во загреана рерна и се потпекуваат, Во меѓувреме се матат јајцата со млекото и сол по желба.

Потпечените кори се поливаат со смесата од јајца и млеко. Се пече околу 30 минути.

Во смесата може да се додаде и сирење по желба.

А вака порано се приготвувал јајчалникот, со свежо испечени кори (фото: Анета Ане)