Дали ќе се разведете во следните две години: ако ги има ОВИЕ знаци, големи се шансите!

Ако ги препознаете следните сигнали и обајцата сте подготвени да направите нешто по тој повод – бракот дефинитивно можете да го спасите. Во спротивно, вашата врска ќе биде уништена!

Ако од овие седум предзнаци, препознаете најмалку три, но и двајцата не започнете да ги решавате – тогаш на вашата врска брзо може да и дојде крајот, имате најмногу уште две години. Бидете искрени кон себеси додека ги читате следните согледувања:

1.Доколку барем една година не сте добиле никаков подарок од својот партнер, дури ни најмало внимание како што е омилен цвет или чоколадо.

2.Времето поминато заедно, 90% сте на интернет или се дружите и разговарате со своите пријатели, како да се одбегнувате еден со друг.

3.Не постои барем еден заеднички оброк во недела кога слободно разговарате за сешто.

4.Се поретко сте заедно, нема додворување и изостанува допирот поради недостиг на време.

5.како да му зборувате на ѕидот. Тој/таа го слуша она што го говорите, но нема никаква реакција, па се чувствувате како да разговарате сами со себе.

6.Во последните месец дена не сте легнале истовремено или заедно.

7.Постојат денови (ако многу часови сте разделени) кога никој не испраќа СМС пораки еден на друг во текот на денот, а не разговарате ниту по телефон.

Ако три изјави се однесуваат на вашиот однос, би требало да бидете свесни за проблемите за да одбегнете подоцна и поголеми проблеми од овие. Побарајте решение што поскоро!

Секој однос треба да се негува и да се гради, но прашањето е до која мера и колку во тој однос треба да се вложува, особено ако трудот не дава никакви резултати.