„Маж ми носеше други жени во ресторан, НА МЕНЕ ШТЕДЕШЕ“ Бабата од Загреб го насмеа целиот регионот со изјавата за бракот во кој поминала речиси 6 децении.

Оваа баба која беше во брак речиси шест децении, по што остана сама, стана ѕвезда поради нејзината изјава за деталите од бракот со нејзиниот сопруг.

Неименувана баба од Загреб одговарала на прашања на новинар од хрватскиот портал 24.сата, кога изговорила две реченици поради кои на многумина различно изреагираа.

Прво раскажала како поминала речиси шест децении во брак, а потоа дека сопруготот носел други жени на ручек во кафеана, а дека штедел на неа.

Како што рече, повеќе не сака брак, но не и недостигаат додворувачи.

По бракот, никогаш повеќе не би се омажила

– Бев во брак 56 години, никогаш повеќе не би се омажила. Мислам, има кандидати, бидејќи јас не сум гола и боса, па дури и овие стари луѓе сакаат некој да ги капе, да ги пере, чисти, да ги храни, а тоа веќе не ми треба – рекла симпатичната баба.

После тоа, репортерот на хрватскиот портал ја прашал што повеќе сакала кога била во брак, вечера дома или во ресторани. Токму тогаш дојде одговорот кој ги остави луѓето со измешани емоции. Сепак, на крајот бабата со една реченица успеа да ги насмее сите.

Заштедувал пари на неа, носел други жени во ресторани

– Каков ресторан? Па, нее. Мојот сопруг носеше други жени во ресторан, но штедеше на мене… Сега јадам во ресторани, а знам да ги одведам и другарките на јагнешко месо – низ смеа изјавила таа на крајот од анкетата.

Во коментарите кои се појавија луѓето со неверување ги коментираа постапките на сопругот на бабата, наведувајќи дека таа сега ја заслужува сета љубов на светот.

Сепак, еден коментар особено се истакна: „Кога ќе дозволиш некој да ти украде 56 години од животот…“ Видеото погледнете го ОВДЕ.