ЗДРАВ ЛЕБ КОЈ СЕ ВИТКА КАКО ПАЛАЧИНКА! Свекрва ми ме научи, а сега сите го бараат рецептот од мене…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

2 чаши топла/млака вода (400 мл)
10 г шеќер
3 г сув квасец
5.5 чаши брашно (660 г)
8 г сол

За премачкување на тестото:
100 г растопен путер
90 мл масло
50 г пченкарно брашно за посипување

ПОСТАПКА: Во млака вода растврете го шеќерот и квасецот, па постепено додајте го брашното и солта. Мешајте со лажица, а кога тестото ќе стане компактно и густо, домесете го уште 3-5 минути со рака. Треба да биде средно меко.

Потоа поделете го на 8 делови и секој дел обликувајте го во топче. Покријте ги топчињата со кеса и оставете ги да одморат 10 минути. Земете едно одморено топче и развлечете го во тенка тркалезна кора со големина на плитка чинија.

Во тепсија или калап со слична големина, сипете малку мешавина од растопен путер и масло, па премачкјате го дното и страните. Ставете ја кората внатре, па и неа премачкјате ја преку целата површина.

Постапката повторете ја со сите преостанати топчиња, а корите редете ги една врз друга и премачкувајте ги со маснотијата. Вака намастени завиткајте ги во кеса и оставете да одморат 30 минути.

По изминатото време земете ја горната кора и со рацете развлечете ја врз работната површина. Кората многу лесно ќе се развлекува. Постепено растегнувајте ја додека да стане многу тенка, речиси проѕирна.

Кората посипете ја со маснотија и малку пченкарно брашно. Потоа здиплете ја како книга, а секоја нова површина премачкувајте ја со масло и посипувајте ја со пченкарно брашно.

Диплење: од едната страна се преклопува до половина, па од другата страна исто така, да се добие долг правоаголник со три листа.

Потоа се дипли за да се добие квадрат. Постапката се повторува со сите теста.

Следен чекор: посипете ја работната површина со малку пченкарно брашно, земете го првото здиплено тесто и него посипете го со брашно, па развлечете го со оклагија во правоаголник.

Печете ги во загреана тава по неколку минути од двете страни додека малку да заруменат. Целата постапка погледнете ја ОВДЕ.