Според византискиот обред ова е првиот ден од Светата седмица – седмицата после Велигден. Утре е е Велигденски, Светол понеделник – првиот ден после Христовото вос-креснување кога станал од својот г-роб.
Богослужењето на овој ден е исто како и за Велигден. Во повеќето наши краеви Велигденските празници траат три дена. На Велигденскиот понеделник се продолжуваат гозбите и веселбите на кои учествуваат роднини, кумови, соседи и пријатели.
Тоа е време кога се собира семејството со фамилијата, па дури и од далечните краишта.
Во некои села сè уште се задржал еден многу интересен обичај – полевање на девојките со вода. Имено, младите момчиња заедно со свирачи одат да ги посетат девојките, а со себе носат ќуп со вода за да ја полеат девојката.
Симболично, полевањето со вода претставува испирање на претходните гревови кои ги сторила таа девојка, а тоа исто така, потсетува на чинот кога Исус им ги измил нозете на апостолите.
Покрај тоа, се сметало дека ако момчето ја полее девојката – поголеми се шансите дека ќе ја побара за жена истата година. После тоа, девојката ги послужува со фарбани јајца, колачи и вино, а понекогаш заигрува оро заедно со нив.
Следниот понеделник пак, според народното верување и обичаи, треба да се покријат гро-бовите со зелена трева, а во некои краишта го сметаат и како задушница.
Имено, се оди на гро-бишта, се палат свеќи, се средуваат гро-бовите на по-којните, а свештеникот врши парастос и помен за по-кој на ду-шата на по-чинатиот. Тој ден се носат велигденски јајца на г-роб и се разделуваат меѓу сиромашните.
СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК – ПОУКИ ОД СВЕТИТЕ ОТЦИ
Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.
Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови. А во тие дни Петар стана меѓу учениците и рече: – а беа се собрале околу сто и дваесет души – „Мажи, браќа!
Требаше да се исполни напишаното, како што беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исуса, зашто тој беше вброен кон нас и беше примил дел од оваа служба;
И така, потребно е пак еден од оние луѓе, што беа со нас за сето време, додека пребиваше и оп-штеше со нас Господ Исус, почнувајќи од крштавањето Јованово па до денот, кога се вознесе од нас, да биде сведок со нас за Неговото вос-кресение.”
И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, а по прекар Јуст, и Матиј; потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, за да прими дел од оваа служба и од апостолството, од кое отпадна Јуда, за да си отиде на своето место!” И фрлија ждреб за нив, и ждребот падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли. Дела 1, 12-17, 21-26.
Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он Го објави. И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си Ти?” Тој призна и не одрече, а објави:
„Не сум јас Христос.” И го прашаа: „А што си? Илија ли си ти?” Одговори: „Не сум.” „Пророк ли си?” И одговори: „Не.” А тие Му рекоа: „Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние, што нè испратија; што велиш за себе?” Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го патот на Господа,” како што +вели пророкот Исаија.
А испратените беа од фарисеите; И го запрашаа, велејќи: „Зошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?” Јован им одговори и рече: „Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.” Ова се случи во Витавара, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован. Јн. 1, 18-28
Благовестејќи го Воплотувањето Господово, ангелот вели: „Радувај се, благодатна!“ Објавувајќи им го на пастирите Рождеството на Христа Спасителот, повторно вели: „Еве, ви јавувам голема радост!“ Но, известувајќи ги жените за Вос-кресението на Господа, ангелот вели само: „Стана, не е овде!“
Тој не додава: „Радувајте се“, зашто радоста сама по себе ќе ги исполни нивните срца штом се уверат дека Господ навистина вос-креснал. Тогаш верата била опиплива, а Господ со Своето јавување ја допотполнил. И радоста кај сите била неисцрпна! Сега кај нас сѐ е украсено – и Црквата, и домовите и плоштадите.
Сѐ е облечено во облека на радоста, и сите се обземени од општо радосно бликање. Но, ти потруди се својата мисла да ја одвоиш од надворешното и, собирајќи се во срцето, да ја примиш вистината на Вос-кресението во сета нејзина ширина, длабочина и висина, за да бидеш радосен не само надворешно, туку и во себе да го носиш духот на радоста, кој блика одвнатре како извор на светла вода што избива од недрата на земјата.
Св. Теофан Затворник / Православие.мк