Пред нас е големиот велигденски пост кој започнува на 18 март и ќе трае до Велигден кој годинава се паѓа на 5 мај.

Овој пост се смета за најригорозен, а правилата на постот им се добро познати на верниците.

Повеќето од верниците задолжително ќе постат на почетокот на постот, што значи дека првите 7 дена дефинитивно ќе постат и потоа ќе осат на причест. Но, дали тоа е правилно и воопшто дали е дозволено?

За ова зборуваше вероучителката Андреа Керес:

„Причестувањето е целта на секоја Литургија и централниот дел од нашето заедништво со Бога“, тврди Андреа.

„Христијаните кои живеат литургиски живот и ги постат сите пости, секако се причестуваат на секоја Литургија, и за време на постот и надвор од постот.

А кога ќе дојде постот – фокусот е на духовното воспитување, а не на постот само 7 дена за да се „заработи“ причест.

Сè да направиме и да постиме 40 дена на вода и леб, Причеста не може да се заработи. Секогаш недостојно пристапуваме, но Господ нè удостојува и нè повикува да пристапиме. Што не значи дека треба било како да пристапиме!

Пристапуваме со страв Божји, вера и љубов. А во постот се трудиме колку што можеме во моментот. Ајде да постиме еден по еден ден, според нашите можности.

И тогаш, како што минува времето, колку повеќе тренираме одрекување, толку ќе биде поголем нашиот напор. Но и тогаш нашиот труд нема да нè удостои за Причест, бидејќи не се причестуваме по своја заслуга, туку по Божја“, објаснува Андреа.

А дали е грешен тој што не пости?

Вака тоа го објаснува отец Гојко Перовиќ:

„Постојано живееме во грев. Толкава е нашата приврзаност кон храната, одморот, релаксацијата, што од тоа правиме идоли…

Од ова произлегува промискуитетен живот. А нашата секојдневна потреба, нашиот дух да дише, нашата секојдневна потреба е постот.

Човек кој не пости не си помага себеси. Не е точно да се каже дека е грешен. Да речеме дека не си помага себеси да се ослободи од гревот.

Постот е еден начин да се ослободи од гревот. Кога човек прави напор да пости, неговата душа и тело се ослободени од гревот.

Човекот не е свет сам по себе. Треба да продолжите да се обидувате. Ако синоќа бевте расположени, не значи дека наутро нема да имате проблем. Затоа треба да се трудиме секој ден, повторно и повторно, да се ослободиме од гревот.

Затоа постот е добар затоа што нè ослободува од гревот. Тоа ни дава насока да се движиме.

Господ ќе дојде по нас ненадејно, а човекот кој не се ослободил од гревот, кој не работел да се ослободи од гревот секој ден, нема да има време да го стори тоа.

Затоа постот е добар затоа што ја воспитува нашата душа да биде ослободена од страста и храбра во Господа“. Отецот можете да го слушнете ОВДЕ.