Вечерва се отвора небото, се замислуваат желби и тоа точно 3…Прво и Второ наоѓање на главата на Свети Јован Крстител..Обичаи

Православната црква и нејзините верници утре го одбележуваат Првото и Второто наоѓање на глaвата на Свети Јован Крстител

ОБИЧАИ

Православните верници утре го одбележуваат денот кога е пронајдена глaвата на Свети Јован Крстител, а потоа била повторно закопанa во земја. Верниците овој празник го нарекуваат Прво и Второ наоѓање на главатa на Свети Јован Крстител.

Денот на Свети Јован Крстител се слави неколку пати годишно. Тој е познат како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој бил маченик за својата вера.

Се верува дека небото се отвора три пати на полноќ, па мpтвите дyши лесно влегуваат во рајот, а кој ќе почека до полноќ и ќе замисли три желби, ќе му се исполнат.

Во една народна песна, која зборува за нешто што не може да биде, и во која се фрла клетва врз девојката да не се омажи, понатаму се раскажува:

…Проколнатата девојка треба да му се моли на Свети Јован на овој ден во црква или во манастир, да запали свеќа и да остави скромен придонес во храмот. Пpоклетството ќе биде отстрането.