Топла пита од рерна…нуди неодолив вкус со секој залак…Мека внатрешност и крцкава надворешност…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

За тесто:
1 чаша млако млеко
1 чаша млака вода
1 лажица сув квасец
1 лажичка сол
1 лажичка махлеп во прав -опционо за вкус(или екстракт од бадем/анасон и сл.)
5 чаши брашно (додавајте брашно умерено)

За одозгора:
жолчка
1 лажица млеко
1 лажичка маслиново масло
сусам
црн ким

ПОСТАПКА:

1.Во садот за месење измешајте ги сите состојки освен брашното. Махлеп зачинот ќе даде многу пријатен мирис, можете да го најдете кај билкарите.

Како негова замесна некогаш се користи анасонка или екстракт од бадем, но секако, можете да го исклучите од рецептот.

2.Во смесата малку по малку додавајте го брашното и прво измешајте со шпатула, па замесете со рака.

3.Откако ќе замесите мазно, не средно меко тесто, покријте го и оставете да ферментира 1 час.

4.Потоа премесете го и поделете го на 2 еднакви дела.

5.Секое парче развлечете го и ставете ги обликуваните пити на плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги да отстојат уште 40 минути.

6.Измешајте жолчка од јајце, млеко и маслиново масло во сад. Нанесете го врз питите со четка.

7.Обликувајте ги во пита-леб со притискање со врвовите на прстите. На крај, посипете многу сусам и црн ким.

8.Печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека да поруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.