Ако го следите овој совет, повеќе никогаш нема да имате проблем со тестото, нема да ви „паѓа“ или да не ви „нарасне“ убаво. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите тестото како од најдобрите ресторани:

Ако го следите овој совет, никогаш повеќе нема да ви се случи тестото да падне или да не нарасне убаво. Пред да започнете да го месите тестото, извадете ги путерот и јајцата од фрижидерот и оставете ги на собна температура некое време.

Не претерувајте со количината на прашокот за печиво или на квасецот, бидејќи постои можност тестото да порасне премногу и поради тоа да распу-ка. Покрај тоа, ќе ја изгуби и посакуваната структура. Секогаш држете се до рецептот.

Тестото секогаш ставајте го во загреана рерна, бидејќи сите тие теста кои содржат прашок за печиво или квасец најдобро се печат на овој начин. Кога се соединуваат влажните и сувите состојки, доаѓа до хемиска реакција и тестото веднаш почнува да расте.

Почекајте 10 до 15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура и дури потоа ставете го тестото во неа.

Златен совет: Во секое тесто ставајте по една супена лажица јаболкова киселина. Здраво е, тестото подобро нараснува, а покрај тоа, печивото добива и одличен „шмек“!

Запишете си го овој рецепт за лудо тесто кое може со денови да стои во фрижидер, а идеално е за мекици, кифли, пица

Многу корисен рецепт кој ќе ве спаси од голема мака – на овој начин во секој миг ќе имате свежо тесто во фрижидерот и по потреба да си вадите онолку колку што ви е потребно. Еден ден пригответе мекици. Друг ден пица, трет ден кифлички…

Никогаш нема да ви здодее ова тесто. За солени печива ставете сол, а за слатки печива ставете шеќер. Одлично се обликува, па затоа некои го нарекуваат и магично тесто. Рецептот и видео презентацијата се од познатиот канал на ди-го квасец.

Потребни состојки: 200 мл млако млеко, 1 коцка свеж квасец (42 г) или 2 кесички сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 кг брашно (меко), 1 прашок за печиво (10 г), 2 лажички сол (за солено тесто), 2 чаши јогурт (од 180 г), 200 мл млеко и 2 јајца.

Постапка: Во подлабок сад ставете 200 мл млако млеко и во него издробете 1 коцка свеж квасец, па додајте 1 лажичка шеќер. Промешајте за да се растворат состојките и оставете 10-тина минути за да се запени и да се активира квасецот.

Во еден килограм брашно додајте една кесичка прашок за печиво, промешајте и направете вдлабнување како бунарче. За солено тесто ставете две лажички сол, две чаши јогурт, 200 милилитри млеко, активираниот квасец и две јајца отстојани на собна температура.

Промешајте најпрво со лажица, а потоа продолжете го месењето со рака. Тестото е меко и малку лепливо. Земете една поголема кеса во која ќе го сместите тесото, па намастете ја од внатрешната страна. Тестото истресете го во кесата, испуштете го воздухот и врзете ја кесата добро.

Може да го ставите и во некој намастен пластичен сад и добро да го затворите со капак или стреч-проѕирна фолија, но најдобро е да го чувате во кеса. Кесата вратете ја во садот и ставете ја во фрижидер. Штом стаса тестото можете слободно да го користите (за неколку часови).

Со намастена рака или лопатка откинете онолку колку што ви е потребно. Кесата повторно врзете ја на истиот начин како и првиот пат, па вратете го тестото во фрижидер. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.