СОН КИФЛИ…Ако имате 1 јајце, брашно и млеко, направете ги овие памук меки печива…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 белка
120 мл топло млеко
120 мл топла вода
3 лажици шеќер
2 лажици масло
1 лажица сув квасец
8 г ванилин шеќер
480 г брашно
1 лажичка сол
1/2 лажичка прашок за печиво
1 лажица путер за домесување на тестото

За фил:
меко сирење/урда или по желба

За премачкување:
1 жолчка + 1 лажичка млеко или масло
семе од афион

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете фино меко тесто, а на крај домесете го со путерот за да се измазни и да стане еластично. Покријте го и оставете го да ферментира 1 час додека убаво да го зголеми волуменот.

Стасаното тесто истресете го на површина посипана со малку брашно и поделете го на 9 топчиња. Секое топче развлечете го во долгнавеста овална кора. На едниот крај ставете лажица фил, преклопете и затворете со притоснање на прстите.

Остатокот од кората исечкајте го на тенки ленти (не до крај) или уште подобро, ако имате специјален ролер за оваа намена ова се постигнува побрзо и полесно, со еден потег. Потоа свиткајте ја кифлата и обликувајте ја.

Кифлите наредете ги во плех обложен со хартија, покријте ги и оставете ги да ферментираат 30 минути. Потоа премачкајте ги со жолчка и посипете ги со афион.

Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: