Колку и да направам, жешки ги изедуваме штом ги извадам од рерна…Бурек банички со месо…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 100 мл):

За тесто:
1 чаша топла вода
1 чаша топло млеко
1 лажичка сув квасец
1 лажичка сол
4 1/2 чаши брашно
1 лажица масло за домесување на тестото

За маснотија:
50 г растопен путер
1/2 чаша чајна чаша масло 50 мл

За фил:
3 главици кромид со средна големина
300 г мелено месо
зачини: сол, црн и црвен пипер
1 китка ситно сечкан магдонос

За премачкување одозгора:
1 жолчка
1 лажиче млеко или масло

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете меко тесто, а на кај сипете малку масло и домесете го убаво за да се измазни и да стане еластично. Веднаш поделете го на 6 топчиња, сплескајте ги со дланките и потопете ги во маснотија.

Оставете ги покриени да одморат 15-тина минути, а за тоа време испржете го ситно сечканиот кромид со месото. зачинете по вкус. По желба додајте ситно сечкан магдонос или зелје.

На рамна површина постепено со дланките развлечете голема, тенка кора. Преку цела површина посипете фил. На едниот крај ставете долго сyкало и преку него свиткајте ролат. Потоа истргнете го сyкалото, а од ролатот свиткајте баничка.

Баничките наредете ги во плех обложен со хартија и откако ќе одморат 15-тина минути, премачкјате ги со жолчка и по желба посипете ги со сусам, ким…

Печете ги во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://youtu.be/UR4WMjsIXOY?si=f7PzIXWYfRXdWI7F