Поради големата количина на витамин Ц, производите од борови иглички може да се користат како превентива против настинка и грип во текот на целата година. Боровите иглички содржат активни состојки кои cтимyлиpаат иcкашлyвање и излачување на ceкpет од дишните патишта, со што се промовира третман на воспалено грло и бронхитис, а исто така може да помогне во ублажување на симптомите на астма.




Сируп од борови иглички – рецепт: Најдобро е да ги собирате на место што не е загадено, на планина или рид каде што нема многу загадувачи. Боровите иглички се берат исклучиво кога времето надвор е сончево.

борови иглички

За подготовка на овој сируп, може да комбинирате и светлозелени иглички од ела или смрека за уште посилен ефект на сирупот. Важно е да знаете дека не треба да се користат кои било иглички од зимзелените дрва, затоа што некои од нив се отpoвни како што е тисата.




Боровите иглички ќе ги познаете според карактеристичната боја и должина. Долги се 5 – 6 см. Потребен ви е еден сад борови иглички. Овој сируп нема конкретна количина на состојките, така што во зависност колку борови иглички сте собрале, толку ќе ви излезе и суруп.




ПОДГОТОВКА: Боровите иглички ставете ги во сад со вода и оставете да отстојат некое време додека да омекнат малку. (Доколку боровите иглички се идеално чисти, тогаш нема потреба од потопување во вода).

Наредете ги на крпа да се потсушат за да нема влага во нив, а потоа во тегла додајте еден ред борови иглички, па еден ред шеќер и продолжете ја истата постапка додека да ја наполните целата тегла.




Последниот ред треба да завршува со шеќер. Потоа теглата добро затворете ја и ставете ја да отстои на сонце 40 дена пред да почнете со конcyмирање на сирупот. Најдобро е боровите иглички да ги берете на пладне, на сончев ден.




По изминатото време, процедете го сирупот низ газа и конcyмирајте 2-3 лажици на ден пред оброците за зајакнување на имунитетот и лекување на хроничната кашлица. Доколку избегнувате шеќер, истиот можете да го замените со мед. Прочитајте го и вториот рецепт:




(втор рецепт) Капки за хипотиреоза: напролет наберете 15 млади борови шишарки (3-5 см). Сомелете ги колку може поситно. Прелијте ги со 50 мл квалитетна вотка или домашна ракија и оставете да отстојат поклопени во теглата 10 дена. Потоа процедете ја добиената смеса. Пијте по 5 капки трипати дневно. Терапијата трае 3 седмици (21 ден). Прочитајте го и рецептот за сируп од борови шишарки:




Рецепт за суруп од шишарки. Потребни состојки: 1,7 кг млади шишарки, 1 кг шеќер, 100 – 200 мл лозова ракија. Постапка: Сите состојки се ставаат во голема стаклена тегла. Теглата треба да биде добро херметички затворена и да се остави да отстои на сонце 40 дена. Потоа се процедува. Прочитајте ги и рецептите од читателите на НМД:




Рецепт на читателка: 170 мали шишарки се ставаат во тегла, се дополнува со 1 кг шеќер и 1 литар ракија, најдобро лозова, но може и сливова, крушова или јаболкова. Се остава на сонце со повремено протресување. Јас вака го оставам до есен и потоа го процедувам во стаклени шишиња.




Има многу добар вкус, густо е како сируп и испробано добар и спремен за зимските денови. Може да се прави и за деца, па за нив наместо ракија и шеќер ставам мед од глуварче. Постапката и натаму е иста.

Рецепт од читателка – Мед со борови шишарки за јакнење на имунитетот: За зима секогаш оставам една тегла лековит мед од шишарки кој сама го правам. Во шума собирам млади зелени шишарки, ги преливам со вода да бидат прекриени, а потоа ги варам 20 минути во затворен сад.




Потоа треба да отстојат 24 часа. Следниот ден се додава шеќер во однос 1:1 и се вари како обичен џем. Трипати дневно се зема по едно лажиче мед за јакнење на имунитетот, при било кој облик на настинка, ангина, грип и болести на дишните патишта.