Пеглање, шиење, готвење – повеќето луѓе овие вештини ги научува дома, а не во училиште. Меѓутоа, можно е и поинаку – Во училиштето да се воведе домаќинство во дополнителните предмети, за да ги научи своите ученици, особено момчињата – значењето на родовата рамноправност (и со тоа да се победат стереотипите поврзани со домашните задачи).

Шпанската школа Монтекастело токму на тоа ги учи своите ученици. Нивното мото е: Рамноправноста се гледа на дело.

ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО ПОЛОТ

Во 2018 школата во градот Виго објави дека на списокот од наставните предмети ќе го вклучи и домачинството. На тие часови момчињата ќе учат да пеглаат, шијат, готват и да извршуваат други домашни задачи, како што се поправка на водовод и струја, мајсторисување околу ѕидањето и столаријата.

Часовите ги водат наставници волонтери, како и татковци на некои од учениците.

“Редот во домот е заедничка обврска”.

Габриел Браво, координатор на школата, во интервјуто за медиумите на следниот начин го објаснува новиот предмет:”За нашите ученици е корисно да научат како да ги извршуваат ваквите задачи, за да бидат подготвени за идниот семеен живот. Со тоа, од самиот почеток ќе бидат вклучени во домашните задачи, ќе сфатат дека одржувањето на редот во домот е заедничка обврска. Средувањето на домот, миењето садови и пеглањето не е само женска работа.

Тоа ќе им помогне да станат поодговорни и да научат како да се однесуваат во сопственото семејство”.

Постигнување на родова рамноправност

Оваа идеја настана кога училишната управа изнајдувала начини за промовирање на родовата рамноправност меѓу учениците. По дискусијата, проектот им бил претставен на родителите и на самите ученици.

Родителите немале ништо против новиот предмет, но некои од учениците се чувствувале непријатно кога слушнале дека шијат и ќе пеглаат.

Меѓутоа, кога започнале да ја слушаат настават, сите сомнежи исчезнале. Учениците увиделе дека се’ се учи постепено и дека тоа се многу едноставни работи кои можат да ги извршуваат и мажите и жените подеднакво.

ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ КОИ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

“Некои од учениците за првпат во рацете држеа пегла. Наставата им беше забавна, но и поучна. Бевме изненадени, а родителите задоволни” . изјавил Браво во своето интервју.