„ПУФ ПУФ“ ПОГАЧА: Лесен рецепт за тесто што расте во калап…Мека како памук, мириса неодоливо…Постапката за приготвување е слична како за „Слоново уво“, уште позната и како „Ѓеврек погача“. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл)

1,5 чаши (300 мл) топло млеко
1 лажица (15 г) шеќер
1 лажица (10 г) квасец
1 лажичка (8 г) сол
50 г путер
2 јајца (едно со жолчка)
4,5 чаши (540 г) брашно

За фил:
50 г рендан кашкавал (чедар)
3- 4 гранчиња магдонос
масло за премачкување
сусам за декорација

ПОСТАПКА:

1.Во млакото млеко растворете ги квасецот и шеќерот. Додајте едно цело јајце и една белка (жолчката сочувајте ја за подоцна), па постепено додајте го брашното и солта. Замесете меко тесто кое е лесно лепливо.

2.Во тестото додајте го омекнатиот путер и домесете го додека да се инкорпорира и измазни. После тоа тестото нема да лепи и лесно ќе се одвојува од ѕиодвите на садот. Покријте го и оставете да ферментира на топло додека да го удвои волуменот.

3.Стасаното тесто истресете го врз сосем малку набрашнета површина и лесно премесете го (со диплење). Поделете го на 14 делови и од секој дел обликувајте топче.

4.Секое топче пририснете го раце да добиете кора со големина на мала чинија (10 см). Ставете фил (рендан кашкавал и малку сечкан магдонос (или фил по желба).

5.Повторно затворете во топче, оставете 5 минути да одморат, па со набрашнети прсти нежно притиснете ги за да се сплоснат, повторно со големина од 10 см.

6.Подгответе калап 26 см и една чинија со масло. Секоја коричка потопете ја во маслото и ставете ја во калапот. Вака редете ги околу обрачот, една до друга и малку преклопени (наредени скалесто).

7.Вака обликуваната погача (како Слоново уво/Ѓеврек погача) покријте ја со кеса и оставете да ферментира 20 минути.

8.Стасаната погача премачкјате ја со разматена жолчка во која сте додале лажичка масло или млеко.

9.Декорирајте со сусам и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.