Модар патлиџан во бел сос ќе ве освои уште при првиот залак. Модриот патлиџан е зеленчук кој не секој сака да го јаде поради неговата силна арома, но доколку го подготвите на овој начин, и најпребирливите ќе бидат воодушевени.

Не е тешко, само пропржете го зеленчукот и на крајот додајте го сосот. Може да се јаде како оброк со парче леб, но и како прилог. Состојките се евтини, а повеќето од нив веќе ги имате дома. Еве што ви е потребно според рецептот на Олга:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 модри патлиџани, 3 главици кромид, 1 главица лук, 200 г кисела павлака, свеж копар

ПОСТАПКА: Модриот патлиџан исечкајте го на коцки, како и кромидот. Прво кратко пропржете го кромидот за малку да омекне, а потоа додајте го модриот патлиџан. Додека се пржи, во сад измешајте ја павлаката со сечканиот копар и мелениот лук.

Зачинете со сол, црн и црвен пипер или по вкус. Кога модриот патлиџан и кромидот се речиси готови, додајте го сосот и измешајте. После минута-две јадењето е спремно за послужување.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Евтин и брз ручек со модар патлиџан: Поубав и поздрав е од лазањи и редена мусака“ – ОВДЕ.

Евтин и брз ручек со модар патлиџан: Поубав и поздрав е од лазањи и редена мусака