Ако често се будите ненаспани и уморни, дури и ако сте си ги дозволиле познатите 8 часа сон, можеби едноставно грешите со времето за легнување! Имено, експертите тврдат дека најдобро е да спиете помеѓу 22 и 23 часот, а тоа е поврзано со помал ризик од развој на срцеви заболувања.

Ова тврдење беше објавено минатата година во European Heart Journal – Digital Health, списание на Европското здружение за кардиологија.

„Телото има 24-часовен внатрешен часовник, наречен деноноќен ритам, кој помага во регулирањето на физичкото и менталното функционирање.

Резултатите сугерираат дека раното или доцното легнување има поголема веројатност да го наруши телесниот часовник, со негативни последици по кардиоваскуларното здравје, иако не ги знаеме причините за тоа“, вели авторот на студијата, д-р Дејвид Планс од Универзитетот во Ексетер. ОК.

Студијата опфатила 88.026 испитаници во Велика Британија кои биле избрани помеѓу 2006 и 2010 година. Просечната возраст им била 61 година, а возраста од 43 до 79 години, а 58 отсто биле жени, пишува Ближена.

Најризичното време за спиење е после полноќ

За време на просечно следење на овие луѓе од 5,7 години, 3.172 учесници развиле кардиоваскуларни болести. Инциденцата била најголема кај оние кои легнале на полноќ или подоцна, а најмала кај оние кои отишле да спијат помеѓу 22:00 и 22:59 часот!

Во споредба со тој „златен час“, постои 25 % поголем ризик за развој на кардиоваскуларни болести ако легнете на полноќ или подоцна, 12 % поголем ризик ако легнете помеѓу 23 часот и полноќ и 24 % поголем ризик ако заспиете пред 22 часот!

„Нашата студија покажува дека оптималното време за спиење е во одредена точка од 24-часовниот циклус на телото и дека отстапувањата можат да бидат штетни за здравјето.

Најризичното време за спиење беше после полноќ, потенцијално затоа што може да ја намали веројатноста да се види утринска светлина, што го ресетира телесниот часовник“, објасни д-р Планс.

„Иако наодите не покажуваат каузалност, се покажа дека времето за спиење е потенцијален фактор на ризик за срцето, независно од другите фактори на ризик и карактеристиките на спиењето.

Доколку нашите резултати се потврдат во други студии, времето на спиење и основната хигиена на спиење би можеле да бидат евтина цел на јавното здравје за намалување на ризикот од срцеви заболувања“, додаде овој доктор.

За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Експериментите потврдија: Еве што им се случува на луѓето што си легнуваат после 22 часот“ – ОВДЕ.

Експериментите потврдија: Еве што им се случува на луѓето што си легнуваат после 22 часот