Фото и рецепт: Маријана Кузмановиќ

Кој не правел проја, мора барем еднаш да проба, не може да згреши. Некои пројата ја прават со 2 или 4 јајца, некој со газирана вода, со комбинации од интегрално, бело и пченкарно брашно…

Покрај сирење може да се стави и сечкано суво месо или спанаќ, навистина пројата има безброј комбинации.

Потребни состојки:

4 јајца
1 лажичка сол
4 шолји јогурт
2 шолји масло
4 шолји пленкарно брашно
2 шолји бело брашно
1 прашок за печиво
сирење по желба (околу 300-500 г)

Се мери со шолја од 200 мл. Може и да ги преполовите количините ако ви е потребна помала проја.

Ако ја сакате потенка пројата тогаш обложете го плехот од рерна, а доколку ја сакате повисока, тогаш обложете некој плех со средна величина.

Постапка:

Јајцата изматете ги со жица, додадете малку сол, па постепено додадавајте ги маслото и јогуртот. Во друг сад измешајте ги двете видови брашно со прашокот за печиво.

Соединете ги сиите состојки со постепено додавање на сувите состојки во влажните. Додадете го и сирењето издробено на поситни и покрупни парчиња, и посолете по вкус доколку сметате дека сирењето не е доволно солено.

Добиената смеса излејте ја во подготвениот плех и печете во претходно загреана рерна на 200 степени или додека да добие убава златна боја.

Фото и рецепт: Маријана Кузмановиќ