Полнети погачици, меки како памук…За појадок, закуска, предјадење, вечера…За секаква пригода…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г млеко
550-600 г брашно
30 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец 10 г
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
60 мл масло
1 цело јајце и 1 жолчка
1 белка за премачкување
сусам за посипување
150 г путер или маргарин на собна Т за премачкување на тестото
За фил помешајте:
100 г рендана или ситно сечкана салама
100 г рендан кашкавал
1 јајце
ПОСТАПКА:
Во 300 мл топло млеко ставете малку шеќер, јајцето и жолчката, квасецот и маслото, па промешајте. Постепено додајте го брашното помешано со солта и замесете средно меко тесто. Покријте го и оставете го 10-тина минути да одмори.
Потоа развлечете кора и преку цела површина премачкјате ја со путер. Посипете сосем малку брашно и кората здиплете ја како книга: преклопете од едната страна, па од другата, да добиете долг правоаголник со 3 листа.
Премачкјате го одозгора со путер, па преклопете од горе и од долу. Оставете да одмори 10-тина минути, па повторно развлечете кора и повторете ја постапката со премачкување и диплење. Повторно оставете да отстои 10-тина минути.
Третиот пат развлечете правоаголна кора и исечете ја на коцки. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Секоја коцка полнете ја со фил и затворете во погачица.
Наредете ги во плех обложен со хартија и премачкјате ги со белка, а потоа посипете ги со сусам. Печете ги 20-25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: