Брзи погачици со тајна состојка: Готови за миг, без чекање тестото да нарасне!
Погачиците со сирење се секогаш добра идеја, но овој рецепт е навистина посебен.
Тајната е во една необична состојка која му дава неверојатна мекост и богат вкус на тестото — варените јајца!
Ова е вторпат како ги подготвувам дома и сите се буквално воодушевени. Најдоброто од сè е што нема долго чекање, нема квасец и нема надоврзување на обврски во кујната.
Само ги замесувате состојките и веднаш ги ставате на печење. Ако барате идеја за брз појадок или ужина, испробајте го овој рецепт уште денес. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 варени јајца, РЕНДАНИ
200 г путер или маргарин
150 г сирење
1/2 лажичка сол или по вкус
околу 200 г брашно
2 лажички прашок за печиво
сусам
1 јајце за премачкување

ПОСТАПКА:
Изрендајте ги јајцата и измешајте ги со сирењето и путерот.
Додајте брашно, сол, прашок за печиво. Месете, развлечете кора и употребете мала чаша или капаче од шише за да ги извадите погачиците.

Можете исто така да исечете штанлички. Премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 20 – 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/qG-UOZbUJD4?si=GPQw_vpRAyrCieIc




































