ПОДОБРИ ОД КРОАСАНИ: Не знаев дека било олку лесно, многу вкусни печива. Научете нова техника за подготовка на меки печива како памук, а кои се разлистуваат исто како кроасаните. Овој рецепт ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл): 1.5 чаша млако млеко (300 мл), 1 чаша млака вода (200 мл), 1 јајце на собна температура, 1 кесичка сув квасец (10 г), 2 лажици шеќер, 1 лажица сол, 5.5-6 чаши брашно (550-600 г), 50 г путер, 1 жолчка за премачкување

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете ги млекото, водата, јајцето, квасецот, шеќерот и солта, добро промешајте за да се растворат состојките, па започнете постепено да го додавате брашното и да месите.

Кога ќе стане компактно, изработетете го на работна површина додека да стане еластично, средно меко по густина. Оставете го покриено во сад да ферментира на топло место 40 минути или додека убаво да го удвои волуменот.

Сосем малку премесете го и поделете го на два дела. Обликувајте топки, а по 5 минути земете едно од тестата и на набрашнета површина развлечете го во кора со приближни димензии 40х40 см.

Преку цел површина премачкајте ја со растопен путер. Кората здиплете на четирипати, така да добиете долг и тесен правоаголник од 4 листа, налик на сплескан ролат. Оставете го настрана на ладно додека го сработите и другото тесто на ист начин.

И овој ролат оставете го 10-тина минути во фрижидер малку да одмори, а потоа поставете ги на работна површина двата ролата еден до друг. Исечете ги на парчиња со еднаква широчиња, приближно 2 см.

Земете две парчиња, поставете ги едно врз друго, па со дрвено стапче за ражен притиснете ги одозгора надолжно на средина. Потоа фатете го за двата краја и малку издолжете го како ластик, па свиткајте го околу еден или два прста.

Постапката повторете ја со останатите парчиња тесто. Печивата наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 10-тина минути и малку да нараснат.

Одозгора премачкајте ги со изматена жолчка+1 лажичка млеко/масло и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КРОАСАНИ ПОДОБРИ ОД КИФЛИ: Ги правам трипати неделно, ги јадеме за појадок, ручек и вечера“ – ОВДЕ.

КРОАСАНИ ПОДОБРИ ОД КИФЛИ: Ги правам трипати неделно, ги јадеме за појадок, ручек и вечера