Home погача ПЛЕТЕНКИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Ги правам речиси секој ден, не само за празник…многу...

ПЛЕТЕНКИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Ги правам речиси секој ден, не само за празник…многу се вкусни

ПЛЕТЕНКИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Ги правам речиси секој ден, не само за празник…многу се вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца на собна температура
4 лажици шеќер
5 г ванила
200 мл топло млеко
200 мл топла вода
12 г сув квасец
900 г брашно
2 лажички сол
4-6 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите состојки со квасецот, па започнете постепено да го додавате брашното (најдобро просеано) со солта. Измешајте со лажица па додајте малку масло и месете го додека да стане компактно, средно меко и мазно.

2.Тестото поделете го прво на два дела, а потоа секој дел поделете го на три дела. Обликувајте топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

3.Земете едно топче и со оклагија развлечете го во долгнавеста, овална кора и по должина свиткајте ја во ролат.

4.Направете три вакви краци, спојте ги на едниот крај, па сплетете ги во плетенка.

5.Повторете ја постапката и со втората плетенка. Плетенките ставете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да ферментираат 40 минути.

6.Премачкјате ги со жолчка во која сте додале лажица млеко, па посипете ги со сусам. печете ги во загреана рерна на 190 степени, 25-30 минути. печените плетенки премачкјате ги со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.