ПИРОШКИ СО СИРЕЊЕ: Тукушто ги направив и сите сме воодушевени…За брзинска вечера или појадок, меки и не впиваат масло…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
400-450 г брашно
500 г ситно сирење
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
2 лажички сол (или по вкус)
масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Помешајте брашно со прашок за печиво. Додајте ги јајцата, сирењето и посолете. Замесете го тестото додека сите состојки да се поврзат.

2.Извадете го тестото на набрашнета површина, развлечете го, па сечете правоаголници со дебелина од околу 0.5 см. По желба можете да ги филувате.

3.Пирошките спуштајте ги во загреано масло и пржете ги додека да добијат златнорумена боја од двете страни.

4.Штом ги извадите од садот за пржење и малку подизладат, можете веднаш да ги јадете.