Ако барате некој рецепт со кој ќе приготвите брз појадок, на вистинското место сте Потребни состојки: 500 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 прстофат сол, 2 јајца, 200 мл јогурт или кисела павлака, малку масло и уште масло за пржење.

Постапка: Замесете го тестото од наведените состојки: Во подлабок сад изматете ги јајцата со прстофат сол, додадете јогурт, малку масло колку половина мало филџанче, па постепено додавајте го брашното помешано со прашоко за печиво и убаво соединете го.

Добиеното тесто развлечете го во кора, па исечете на ромбови, коцки или правоаголници. Ромбовите се најинтересни.

Пржете ги во врело масло од двете страни додека да добијат златножолта боја. Можете топли да ги послужите со солено (сирење, пршута, намаз, ајвар…) или со слатко (нутела, џем или шеќер).