Еве еден многу брз колач, ама навистина е брз. Не треба да се пече, има само малку готвење и толку. Мислам дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки: 450 мл млеко, 100 г шеќер, 250 г путер или маргарин, 1 чоколадо за готвење, 2 ванилин шеќер, 450-500 г бисквити и 100-150 г ореви. За декорација: шлаг и рендано чоколадо или само мелени ореви

Постапка: Во лонец за варење млеко или пак на пареа, ставете ги да се растоат путерот, чоколадото, шеќерот, ванилата и млекото. Мешајте внимателно да не зоврие, потребно е само да се растопат и да се соединат.

Бисквитите преполовете ги, а оревите исечкајте ги, заедно измешајте ги и истурете ги во топлата смеса од млеко (во намастен калап).

Оставете да излади, па кога ќе се стврдне, ставете го во фрижидер да излади. Премачкајте го со изматен шлаг (според упатството или изматете слатка павлака). Одозгора изрендајте чоколадо или мелени ореви.

Коментар на Силвана Василјевиќ: “Ова се прави и со ресана бисквити. Ресаните се сечат на половина. Во еден сад се загрева една коцка маргарин од 250 г, 300 мл млеко и едно 100-150 г чоколадо за готвење. Кога ќе се растопи и соедини се прелива врз ресаните.

Смесата се формира во облик каков што сакате. Може да се додадат и мелени ореви, о и не мора. Кога ќе се стегне колачот, одозгора се декорира со шлаг крем или чоколадна глазура од растопено чоколадо и малку масло за сјај.”