Home погача ПАМУК МЕКА ПОГАЧА…Многу вкусна, се топи во уста…Лесна изработка, можат и почетници...

ПАМУК МЕКА ПОГАЧА…Многу вкусна, се топи во уста…Лесна изработка, можат и почетници да ја направат…

ПАМУК МЕКА ПОГАЧА…Многу вкусна, се топи во уста…Лесна изработка, можат и почетници да ја направат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

850 г брашно
25 г свеж квасец
2 јајца на собна температура
300 мл млеко
250 г цврст јогурт или кисела павлака
100 г фета сирење
2 лажици лебни трошки
100 г путер
1 лажичка сол
1 лажица шеќер

ПОСТАПКА:

1.Замесете меко тесто од наведените производи. Во подлабок сад сипете го млакото млеко, додајте 1 јајце, изронет квасец, шеќер, сол, јогуртот и 30 г растопен путер.

2.Во течната мешавина постепено додавајте го просеаното брашно и мешајте додека да стане компакно. не треба да го месите тестото. Оставете го да се удвои во волумен 40 минути.

<

3.По изминатото време истресете го врз набрашнета површина. Малку премесете го со шпатула за да прими брашно само колку што му треба. Тоа и натаму е доста меко.

4.Поделете го на 17 дела. Дланките натопете ги во растопен путер и обликувајте топчиња. Редете ги во тепсија намастена со путер. Покријте ги со намастена фолија и оставете ги да ферментираат 40 минути.

5.Измешајте 70 г растопен путер со 2 лажици лебни трошки и 1 јајце. Посолете и изматете со виљушка.

6.Стасаната погача посипете ја со ситно сирење и премачкјате ја со подготвената смеса од јајце и лебни трошки. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 ° 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.