Неверојатно меки и вкусни. Можете да ги полните со било што по ваш вкус и одат веднаш во рерна штом се направат.
Нема чекање, нема јајца, нема квасец, а се мери со јогурна чаша (200 мл), така што нема потреба ниту од вага.
Искрено препорачувам да ги пробате бидејќи навистина имаат многу добар вкус. Сусамот дополнително го збогатува вкусот. Се топат во уста!
Потребни состојки:
2 чаши (од 200 мл) јогурт
1 чаша масло
2-3 кесички прашок за печиво (30 г)
2 лажички сол
6-7 чаши брашно
малку вода за натопување на погачиците
100 г малку пропржен сусам
Постапка:
Во подлабок сад ставете две чаши јогурт, а потоа додадете и една чаша масло. Во оваа смеса додадете 30 г прашок за печиво, затоа е важно да ја погледнете грамажата на кесичките: ако е 15 г, тогаш ставете 2 кесички, а ако е 10 г, тогаш ставете 3 кесички.
Постепено додадете 6-7 чаши брашно, а помеѓу додадете и 1-2 лажички сол. Започнете да го месите тестото со рака. На крај тестото треба да биде меко, сосем малку лепливо.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, додека во меѓувреме ги правите погачиците. Кинете тесто, а потоа формирајте топчиња со величина на дланката. Наросете малку брашно, па со дланките малку сплескајте го секое топче, па филувајте со по една лажичка фил по ваш вкус.
Јас филував со кисела павлака и сувомеснато, а вие може да филувате со сирење и нешто друго по желба. Добро затворете го филот и повторно формирајте топчиња.
Вака формираните топчиња кратко натопувајте ги во вода, а потоа валкајте ги во сусам. Редете ги во плех и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути додека малку да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото: