Не пропуштајте го ОВОЈ НАЈДОБАР рецепт за печива МЕКИ КАКО ПАМУК од кујната на Аурора, за кои таа вели дека е воодушевена од нив. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

700 г брашно
8 г сув или 30 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
3 лажици масло
2 јајца на собна температура
1 лажичка сол
250 мл млако млеко
100 мл млака вода

За премачкување и фил:
250 г путер омекнат
100 г сечкана шунка/сувомеснато по избор
1 јајце за премачкување, сусам

ПОСТАПКА:

1.Промешајте квасец, шеќер, малку брашно и топло млеко. Оставете 10-тина минути за да се активира квасецот, па додајте топла вода и масло. Во течната мешавина започнете постепено да додавате брашно, лажичка сол и две јајца.

2.Тестото истресете го на набрашнета работна површина и уште малку доработете го за да стане еластично. Не треба да се остава да стасува, туку веднаш развлечете го во кора со димензии 30х30 см.

3.Кората премачкајте ја со третина од омекнатиот путер.

4.Распоредете третина од ситно сечкната шунка и свиткајте ролат, покријте го со крпа да одмори 10 минути

5.Со оклагијата притиснете го одозгора неколку пати, а потоа повторно развлечете го во кора и премачкјате го со путер, па посипете го со шунка.

6.Свиткајте ролат од потесната страна, покријте го и оставете го да одмори 10 минути. Постапката повторете ја по трет пат, а ролатот свиткајте го од подолгата страна.

7.На крај ролатот развлечете го во кора со димензии 60х30 см, па повторно свиткајте долг и тенок ролат.

Ролатот сечете го на парчиња со широчина од два прста и редете ги во длабок плех од рерна, обложен со хартија за печење, малку да се преклопуваат едно врз друго.

8.Печивата покријте ги и оставете ги да одморат 15-тина минути за да нараснат малку, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

9.Пред печењето погачата премачкјате ја со изматена жолчка и посипете сусам. печете ја 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.