Не морам цела зима да купувам ѓумбир, бидејќи го одгледувам во бесконечни количини, колку што сакам…ЕВЕ КАКО…

Ѓумбирот е еден од најкарактеристичните ароматични и вкусни зачини и билки. Не е доволно тоа што можете да го користите во кујната, има и многу корисни ефекти врз здравјето.

Прво, ѓумбирот помага во ублажување на вртоглавици, мачнина и „лошење“ предизвикано од патување во возило или некоја друга состојба.

Тој е еден од најдобрите природни лекови за оваа „патничка“ болест или како што некои ја нарекуваат „морска болест“. Барем, исто толку ефикасен како и фармацевтските производи.

Познато е и дека има антиинфламаторно дејство. После вежбање, помага во ублажување на болките во мускулите, ја намалува болката во зглобовите и исто така ги ублажува менструалните грчеви.

НМД.мк

Најчесто се користи за абдоминални тегоби, односно состојби поврзани со стомакот, лошата дигестија и појава на гасови. Помага за празнење, подобро варење на храната и слично, што е корисно за оние кои чувствуваат непријатност после јадење. Совршен за оние со дигестивни проблеми.

Тоа е растение кое може да се користи за ароматизирање на храната, правење чај и други лековити напитоци. А она што е интересно, дека коренот на ова растение можете да го размножувате бесконечно, слично како компирот, и можете да имате неисцрпен ресурс за себе, па дури и за пријателите.

Одгледување ѓумбир во домашни услови

За да одгледувате ѓумбир во домашни услови, потребен ви е органски корен кој треба да го набавите од специјализиран центар или продавница за здрава храна со свежи производи, бидејќи оние што се наоѓаат во супермаркетите се третирани со разни хемикалии и имаат помали шанси за успех.

Ќе ви треба и добра дренажна почва за саксии богата со хранливи материи. Користете широка и прилично плитка саксија, бидејќи корењата од ѓумбир растат хоризонтално, се шират, а не одат во длабочина. Исто така, ѓумбирот сака топло и добро осветлено место.

Потоа, откако сте набавиле сè, следете ги следните 5 чекори:

Натопете го коренот од ѓумбир во дождовница или филтрирана вода, на собна температура. Оставете го на светлина. Втората опција е редовно да го прскате со вода. набрзо треба да забележите мали израстоци на некои од аглите на коренот.

Ако коренот изртел, засадете го во подготвената саксија со земја, со никулецот свртен нагоре. Покријте го одозгора со 2,5-5 см земја и залејте го со вода.

Саксијата ставете ја на доволно топло место, заштитено од директна сончева светлина, но сепак осветлено.

Чувајте ја вашата почва влажна со редовно прскање. Ѓумбирот расте бавно, па може да бидат потребни неколку недели за да никнат никулците.

На тој начин, можете да имате бескрајна залиха на ѓумбир, бидејќи ако отсечете парче, остатокот ќе продолжи да расте. Освен тоа, кога ќе пораснат листовите тие се многу декоративни, бидејќи се налик палмините, а може ќе ве израдува и со цвет чија боја може да варира во зависност од видот на ѓумбирот.