Најдоброто тесто и рецепт за палачинки кои досега сум ги пробала: иде сè по 4 од состојките што е многу интересно!

Овие палачинки се многу фини и меки и не се нималку масни ниту гумени кога ќе се гризнат, а можете да ги филувате по желба, сите вкусови добро им стојат…

Потребни состојки:

4 јајца
400 г брашно
400 мл млеко
400 мл газирана вода
4 лажици масло
малку сол
1 ванилин шеќер

Постапка:

Јајцата изматете ги со жица, па додадете половина брашно и млеко, па сето добро соединете го.

Потоа додадете ја втората половина од брашното и млекото, малку сол, ванилин шеќер и масло, па соединете да нема грутчиња.

Loading...

На крај додадете ја газираната вода и добро промешајте да се изедначи и стане мазна.

Смесата оставете ја еден час да одмори во фрижидер. За тоа време убаво ќе се спојат состојките и подобро ќе се пече тестото, а палачинките од прва до последна ќе бидат исти по дебелина.

Тавчето за палачинки намастете го со малку масло и добро загрејте го, а потоа излејте една кутлача од смесата во него, брзо и рамомерно разлејте на сите страни и печете неколку секунди од едната страна, па превртете и на другата страна, печете исто толку или пократко.

Печените палачинки редете ги една врз друга, најгорната поклопете ја со со втората превртена на чинијата и филувајте по желба.

Ќе бидете восхитени од вкусот!

Коментар на Лидија Влахова:

”6 jajca 400brasno 200 obicna voda 6 zejtin sol 600 mleko Ova e dupla doza ako sakate prepolovete”

Loading...