Секогаш говорам дека никој не знае со стасувано тесто како тетка Анѓа. Кифлички, погачи, кроасани… сè и оди од рака… Кроасаните може да се приготвуваат за појадок, вечера, за закуска, родендени, слави и други пригоди. Еве го нејзиниот рецепт за кроасани.

Потребни состојки: 600 г меко брашно, 1 коцка свеж квасец (40 г), 200 мл млеко, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 2 јајца, малку сол, 1 лажица шеќер. И уште ќе бидат потребни следните состојки: 1 јајце, сусам, ленено семе, крупна сол… и 250 г маргарин/путер.

Постапка: Во топло млеко со шеќер издробете го квасецот, додадете малку брашно и промешајте добро да нема грутчиња. Оставете го 10-тина на топло за да се активира квасецот и да запени. Од сите состојки замесете мазно, меко тесто. Тестото веднаш поделете го на 8 топчиња и оставете го да мирува 5-10 минути.

Првото топче развлечете го со величина на чинија, премачкајте го со растопен путер. Развлечете го второто топче, па ставете го преку првата кора, па и него премачкајте го…и така до крај. Последната кора не се мачка. Вака оставете да отстои 15 минути.

Сега добро набрашнете ја работната површина и тестото развлечете го во голем круг. Ако работната површина не ви е голема, тогаш ова најдобро е да го направите на маса, бидејќи изглегува голем круг.

Кругот исечете го на половина вертикално, а потоа сечете долгнавести триаголници, со широчина од околу 7-8 см. Свиткајте ги кроасаните и редете ги во плех обложен со хартија. Одалечете ги малку, бидејќи ќе растат… Вака приготвените кроасани оставете ги да отстојат 1,5 до 2 часа. Потоа премачкајте ги со разматено јајце и наросете ги со сусам, ленено семе, крупна сол… по желба.

Ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете ги додека да заруменат. Кроасаните можете и да ги замрзнате на рамна површина во замрзнувач, пред печењето, па по потреба да ги вадите и печете.

Coolinarika.com