Погачата е мека како душа и многу е едноставна за правење, особено за младите домаќинки кои немаат многу искуство во кујната.

Потребни состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша (180-200 мл), 50 г квасец, 200 мл вода, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, брашно по потреба тип 400 меко (околу 700-800 г), сусам за наросување и 150 г маргарин за мачкање (користев лајт маргарин)

Постапка: Квасецот и шеќерот растворете ги во млака вода. Промешајте и оставете 10-тина минути на топло место за да стаса. Може да додадете и малку брашно за полесно да ферментира квасецот.

Во околу 700 г брашно направете вдлабнување, па во него ставете две јајца кои претходно отстојале на собна температура, а исто така и јогуртот. Солта наросете ја околу во брашното, додадете го стасаниот квасец, па замесете меко нелепливо тесто, а по потреба додадете уште малку брашно.

Тестото оставете го 5 минути да одмори, а потоа развлечете го во голема кора со правоаголна форма и дебелина од 5 мм. Преку целата површина премачкјате ја кората со омекнат путер. Свиткајте ја кората како ролат, а потоа сечете парчиња со широчина од околу 4-5 см. Редете ги во тркалезен калап или тепсија. Оставете да стаса за да се удвои.

Врз секое ролатче ставете малку маргарин и наросете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Погачата чувајте ја во сува крпа.

Coolinarika.com