Home погача НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Памук меко како облачиња…Вака го правеше мојата прабаба…

НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Памук меко како облачиња…Вака го правеше мојата прабаба…

НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Памук меко како облачиња…Вака го правеше мојата прабаба…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл млако млеко
1 лажица оцет 9%
50 г шеќер
20 г свеж квасец
1 белка од јајце
1 прстофат сол
1 ванилин шеќер
80 мл растително масло
450-500 г брашно

За премачкување: жолчка + лажичка млеко
За фил: топено сирење (здренка)/кашкавал или сирење на коцки 80-100 г
За слатка варијанта може парчиња локум или крем сирење

ПОСТАПКА:

Од сите состојки со постепено додавање на брашното замесете меко тесто. Пред крајот додајте го маслото и месете додека сето да се соедини во мазно тесто кое не се лепи. Оставете го покриено 35 минути на топло додека да го удвои волуменот.

Потоа поделете го на 20-27 топчиња. Тепсија 30 см намастете ја со путер/маргарин. Во секое топче ставете парче сирење, па исполнете ја тепсијата. Покријте и оставете 20-тина минути топчињата да го зголемат волуменот.

Потоа премачкајте ги со жолчка, по желба посипете ги со сусам и печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени.

Печените печива можете да ги премачкате со мешавина од 2 лажици масло и 3 лажици кондензирано млеко или ссамо со растопен путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ: