МИЛИНКА ПОГАЧА МЕКА КАКО ПАМУК…И мирис и вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

1 чаша млеко
1 чаша цврст јогурт или кисело млеко
1/2 чаша масло (100-120 мл)
1 јајце + 1 белка (жолчката сочувајте ја)
1 лажичка сол
1 пакување сув квасец (10 г)
5 чаши брашно +-

За фил:
100 г рендан или ситно сечкан кашкавал/чедар
За премачкување:
100 г растопен путер
1 жолчка од јајце

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите влажни состојки со квасецот (млаки или на собна температура), а потоа постепено додајте го брашното и солта, па замесете меко тесто кое сосем малку се лепи на рака.

2.Покријте го и оставете го на топло место да ферментира 1 час или колку пто е потребно за да го удвои волуменот.

3.По изминатото време истресете го тестото на малку набрашнета површина, нежно премесете го и поделете го на 28-30 топчиња.

4.Секое топче со врвовите од прстите сплеснете го и отворете го, па во средината ставете фил и повторно затворете го тестото како топче.

5.Топчињата редете ги во намастена тепсија и одозгора залијте ги со растопен путер во кој сте додале 1 жолчка.

6.Вклучете ја рерната да се загрева на 185 степени, па штом ја постигне температурата (за 10-15 минути) ставете ја погачата да се пече, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Svzdtp2DGsE?si=EJxNx_h_GLtfG_hw