ЛОЗОВИ САРМИЧКИ СО СВЕЖИ ЛИСТОВИ: Домашен рецепт што мириса на пролет и традиција
Во периодот кога лозата штотуку ги пушта првите нежни листови, се создава вистинска гастрономска магија во кујната.
Овие лозови сармички со свежи листови се едноставни, ароматични и неверојатно сочни – совршен избор за семеен ручек или лесна вечера.
Комбинацијата од мелено месо, ориз и свежи зачини создава балансиран вкус кој потсетува на домашна трпеза и традиционални вредности, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 30–40 свежи лозови листови
* 500 г мелено месо (мешано)
* 1 чаша ориз (измиен и кратко накиснат)
* 1 главица кромид (ситно сечкан)
* 1 мало морковче (рендано)
* 1 свеж домат (ситно сечкан или рендан)
* 2 чешниња лук (ситно сечкан)
* 1 лажичка црвен пипер
* 1/2 лажичка црн пипер
* сол по вкус
* малку свеж копар (ситно сечкан)
* малку свеж магдонос
* 3–4 лажици масло
* 1/2 чаша вода (за налевање)
* НМД

ПОСТАПКА:
1. Свежите лозови листови измијте ги и по потреба кратко попарете ги во врела вода, додека да омекнат. Оставете ги да се изладат.
2. Во подлабок сад ставете го меленото месо, додајте го кромидот, морковот, доматот и лукот.
3. Додајте ги зачините: црвен пипер, црн пипер, сол, копар и малку магдонос, по вкус.
4. Додајте го оризот (претходно накиснат), сипете малку масло и убаво измешајте додека смесата да се изедначи.
5. На секој лозов лист ставете малку од филот и свиткајте мали сармички.
6. Наредете ги сармичките во тавичка, збиено една до друга.
7. Одозгора сипете вода и малку масло, покријте со алуминиумска фолија.
8. Печете во загреана рерна на умерена температура (180°C) околу 45–60 минути, додека оризот и месото целосно да се зготват.
КОРИСНИ СОВЕТИ (за подобар вкус и повисок квалитет):
* За поинтензивен вкус, користете домашно мелено месо или проверени месни производи.
* Ако сакате полесна варијанта, дел од месото заменете со зеленчук или интегрален ориз.
* Послужете со цврст јогурт (кисела павлака) за дополнителна кремаста текстура.
* Прочитајте уште еден рецепт со фотографии и видео прилог ОВДЕ:
САРМИЧКИ ОД ЛОЗОВ ЛИСТ: Според овој рецепт излегуваат многу вкусни и сочни…












