САРМИЧКИ ОД ЛОЗОВ ЛИСТ: Според овој рецепт излегуваат многу вкусни и сочни…НАПОМЕНА: Јас користев несолени листови, ако сакате да користите солени кисели листови, отстранете ја солта со промена на водата неколку пати.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

250 грама лозов лист
1 чаша масло
3 чаши топла вода

За смеса од месо:
2 чаши ориз (измиен во ладна вода)
2 главици кромид со средна големина (поситно исечкан)
3 – 4 чешниња лук (рендани)
2 лажици доматна паста
1 лажица паста од пиперка (или ајвар)
500 грама мелено месо со средна маснотија
60 грама путер (омекнат на собна температура)
1 полна лажичка сол
1 лажичка црн пипер
1 лажичка чили пиперка

ПОСТАПКА:

1.Најпрво ставете ги листовите во зовриена вода и варете ги малку вртејќи ги од двете страни додека да омекнат. Извадете ги и оставете ги на цедалка да се оладат.

2.Сите потребни состојки за филот со месо соединете ги во подлабок сад. Измесете со рака додека сето добро да се изедначи.

3.Од листовите отстранете ги дршките. Од месото обликувајте мали ќебапчиња, редете ги на листовите и цврсто свиткајте ги во сармички.

4.Сармичките наредете ги во длабоко тенџере, ставете потиок одозгора и залијте ги со една чаша масло и три чаши топла вода.

5.Поклопете го тенџерето и ставете го на оган. Штом зоврие намалете ја температурата и крчкајте ги сармичките во следните 45-50 минути или додека целосно да омекнат.

По потреба долевајте вода ако оцените дека нема доволно. Постапката погледнете ја ОВДЕ.