„Паприкаш“ со месо: Економичен и вкусен оброк за целото семејство
Овој паприкаш со месо е идеален избор за оние кои бараат вкусен, економичен и заситен оброк што може да го нахрани целото семејство.
Со едноставни состојки и лесна подготовка, овој традиционален рецепт нуди топлина и богат вкус, совршен за секојдневните ручеци или вечери, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
300 г свински врат
300 г компири
50 мл сок од домати
2 свежи пиперки
1 главица кромид
1 лажичка слатка мелена пиперка
1 лажичка сол
1 лажичка мешавина од билни зачини
1 лажица брашно
НМД
Постапка:
На загреано масло пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне и добие стаклеста боја. Додајте го месото исечкано на коцки и динстајте го на умерена топлина додека да омекне.
Потоа, зачинете со мелена слатка пиперка, исечканите компири и свежите пиперки.
Прелијте со вода, доволно да ги покрие состојките, па додајте го сокот од домати. Покријте го садот и оставете да се готви на тивок оган околу еден час, повремено додавајќи топла вода по потреба.
Кога компирите и месото ќе бидат готови, измешајте го брашното со малку вода и додајте го во јадењето, мешајќи за да се избегнат грутки.
Зачинете со сол и мешавина од билни зачини по вкус, па продолжете да готвите уште десетина минути на тивок оган. Послужете топло, по желба со свеж леб или салата.