Лепчиња за појадок или вечера – можете да ги полните со месо или сирење

Многу се вкусни и идеални се за појадок или вечера. Ако ви е тестото замесено, лепчињата релативно брзо се печат врз загреана тава.

Потребни состојки:

500 г брашно
250 мл топло млеко
100 мл топла вода
1 лажичка сол
10 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
3 лажички маслиново масло

Постапка:

Во топла вода се раствора шеќерот и квасецот. Брашното и солта се промешуваат, се долева млекото, растворениот квасец со водата и на крај маслиново масло.

Заедно се замесува додека да се добие мазно тесто што не лепи на раце. Оставете го тестото покриено 1-2 часа на топло место.

Поделете го на 10-12 топчиња и повторно оставете ги околу половина час на топло.

Потоа развлечете ги со величина на една поголема тава и печете ги во загреана тава додека да добијат убава боја од двете страни.

Наредете ги лепчињата едно врз друго и завиткајте ги во влажна крпа за да останат меки. Можете и да ги полните со печено месо, со некој сос, салата, сирење и слично.

Loading...