Сутлијаш со слатка павлака и бело чоколадо – кога еднаш ќе го пробате, секогаш вака ќе го правите

Фантастичен десерт кој, кога еднаш ќе го пробате, секогаш вака ќе го приготвувате.

Потребни состојки:

200 г ориз
100 г бело чоколадо
100 г суво грозје
1 лажица мед
200 мл слатка павлака
400 мл млеко
1 ванилин шеќер
кора од лимон за вкус

Постапка:

Оризот добро измијте го и ставете го да се вари со малку вода. Кога ќе проврие водата, додадете млеко и павлака, рендана кора од лимон и суво грозје.

Гответе на многу тивок оган околу еден час со повремено промешување. На крај кога ќе згусне додадете ванилин шеќер и бело чоколадо.

Декорирајте по желба со сечкани бадеми или лешници и уживајте во вкусот!

Loading...