Лек од бобинки од бозел: Домашен рецепт кој ги победува вирусите и проблемите со цревата

Бобинките од бозел дозреваат во септември и почеток на октомври, а од здравите темносини плодови се приготвуваат џем, овошен прав, ликер, вино, а можеби најпопуларен е сирупот, за чиј рецепт денес ќе ви пишуваме.

Бобинките содржат антиоксиданти, витамини Ц и Е, флавоноиди, терпени и други лековити соединенија кои делуваат антивирусно, антибактериски и диуретски.

Поради тоа сирупот од бобинките на бозелот навистина вреди да се приготви, особено сега кога ќе дојде сезоната на грип и настинки, но и за проблеми со опстипација, слабост, невралгија (силна болка во нервите), па и за стрес.

Сирупот од бобинките на бозелот може да го наречеме есенска сестра на сирупот од цветови на бозел кој се приготвува напролет.

Бобинките од бозелот не смеат никогаш да се јадат сирови бидејќи за човекот тие се токсични и можат да предизвикаат мачнина и повраќање. Меѓутоа, со термичка обработка или ферментација, нивната токсичност се уништува, па сирупот од бобинките е потполно сигурен за консумација.

Сирупот се приготвува од потполно зрели, сочни бобинки. Ова е рецепт со чија помош ќе го зајакнете имунитетот и ќе го подигнете нивото на железо во крвта. Помага при покачена телесна температура, а покрај тоа е доста вкусен. Ако не ставите ѓумбир во него, сокот можат да го пијат и деца.

Потребни состојки:

1 кг зрели бобинки од бозел
1 литар вода
750 г шеќер
2 см свеж корен од ѓумбир
1 лимон – сок и рендана кора
500 г домашен мед

Постапка:

Бобинките од бозелот прелијте ги со вода и ставете ги да се готват, а после 15 минути тргнете од оган. Додадете го шеќерот, ренданиот ѓумбир, ренданата кора од лимон и сокот од еден лимон.

Поклопете и оставете да отстои 30 минути. Потоа процедете ја содржината низ сито.

Процедениот сок загрејте го до вриење, додадете мед, добро промешајте и додека е уште топол, складирајте го во во чисти загреани стаклени шишиња.

Сирупот од бобинки од бозел чувајте ги на ладно и мрачно место (може и во фрижидер), па користете го како сируп на разредување.

Loading...