Многу лесно се приготвува, ќе се изненадите, а сепак трудот ќе ви биде награден од предобриот вкус на лебот и восхитот во погледите на вашите најмили.

Потребни состојки:

300 г бело брашно
100 г ‘ржано брашно
100 г печена тиква
1 сув квасец, сол, шеќер и вода по потреба
1 жолчка за премачкување

Постапка:

Белото брашно просејте го, а потоа додадете го ‘ржаното, испасираната тиква, сол, шеќерот и квасецот.

Со постепено долевање на млака вода замесете мазно и меко тесто. Оставете го покриено на топло да стасува. Кога ќе се удвои премесете го и повторно оставете го да стасува уште половина час.

Тепсијата или плехот каде што ќе го печете лебот обложете ја со хартија. Преку хартијата како прекукрстно наредете 3 или 4 конци за печење со иста должина.

Во средината ставете ја формираната топка, а конците врзете ги на врвот. Премачкајте со жолчка и оставете повторно да стасува за да се удвои. Стасаното тесто се става во загреана рерна да се пече на 200 степени околу половина час или раководете се според вашата рерна.

Конците ги вадите кога лебот малку ќе излади. Се послужува со вашето омилено јадење.

Величината можете да ја намалите или зголемите, да правите мали тиквички со величина на крофна, по ваша желба.

Погледнете ја галеријата: